Повремената пауза од водењето љубов е рецепт за среќен брак!

31 октомври, 2020
брак

Бракот без секс, како и долгорочните врски без него, за жал се чести во денешното општество – и поради преполн распоред на деловни активности, и поради кавги и несогласувања меѓу партнерите. Сепак, решението за ова може да биде прилично едноставно. Имено, сексуалната терапевтка Ванеса Марин предлага секс пост. Треба да се одреди времето кога сексот е забранет – од минимум еден месец до онолку долго колку што мислите дека можете да издржите.

Сексуалното задоволство во врската достигнува врв уште во првата година, по што почнува да се претвора во рутина, што може да има разорно влијание врз врската, покажуваат истражувањата. Тоа е доволна причина за секој пар да одлучи да направи повремена пауза во кревет.

Ilustracije seksa i ljubavi

Откажувањето од секс во врска или брак е исто како и притискање на копчето „Ресетирај“ во вашиот сексуален живот. Тоа е големо искушение за секого бидејќи идејата дека не можете да имате секс веднаш штом ви се појави, ве тера да сакате партнер уште повеќе и ја зајакнува меѓусебната врска – објаснува сексуалниот терапевт.

Апстиненцијата е исто така потсетник дека постојат многу други начини да се постигне блискост со партнерот. Доколку сексот е исклучен од врската, партнерите повеќе го ценат најобичниот бакнеж или прегратката. Времето кое инаку би го потрошиле на активности пред спиење може да се искористи за да се зборува за тоа што би сакале да пробате и какви промени да направите по завршувањето на периодот „суша“.

escort - Korsan taksi