Повремениот пост има големи здравствени придобивки, а ниту еднa (за среќа) не е само губење на тежината

20 јуни, 20200
Healthy-eating-tips-for-women-at-401

Повеќето луѓе повремено постат, со една цел – сакаат да ослабат. Но, науката докажа дека има и други здравствени придобивки од јадењето во само одредени периоди од денот.

Повремениот пост помага во одржувањето на мускулната маса

Ова мислење беше потврдено со една студија на Одделот за кинезиологија на Универзитетот во Илиноис. Истражувачите споредиле возрасни лица со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на редовна диета и луѓе со прекумерна тежина кои биле подложени на повремени постења. После 12 недели, имаше намалување на телесната тежина кај членовите на обете групи, но групата што гладуваше дел од денот изгуби помала мускулна маса.

Повремениот пост може да го намали ризикот од дијабетес

Истото истражување покажа дека повремениот пост може да го намали ризикот од метаболички заболувања како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Повремениот пост помага во борбата против воспалението

Воспалението е природен начин за одбрана на организмот од инфекции, болести и повреди. Но, постои и друг вид на воспаление, хронично, што може да биде активирач на срцеви заболувања и дијабетес.

Пушењето, менталниот стрес и редовното консумирање на масна, пржена или слатка храна се вообичаени причини. Неколку студии покажаа дека повремениот пост може да има анти-инфламаторно дејство што го намалува ризикот од метаболички заболувања, дури може да ја подобри и функцијата на белите дробови кај луѓе кои имаат астма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *