Правила за нанесување на производи за нега на кожата

11 мај, 2020
krema 1

На ефикасноста на негата не влијае само изборот на средства, туку и начинот на кој ги нанесувате. И користењето е многу поважно од самиот состав.

Постојат правила за употреба на производите на нега, а еве кои се:

Прво правило: најпрво треба да одберете производ кој е во склад со вашите потреби за кожата.

Второ правило: нежно чистење. Средствата за чистење не треба да се користат само како отстранувачи за шминка, тие треба да ја чуваат и кожата.

Трето правило: по чистењето со вода се препорачува тоник кој ја обновува pH вредноста на кожата и ги влажни горните слоеви.

Четврто праволо: правилна техника за нанесување на крема. Користете минимална количина на крема. Важно е да се добие чувство на хидратација, но не дозволувајте вишок средства на вашата кожа. Вишокот крема не само што не се впива, туку може да доведе и до несакани реакции како запушени пори и таложење на бактерии. Кожата треба да дише што е можно повеќе.

Петто правило: пред нанесување на кремата користете производи за интензивна нега (серум, концентрат). Делуваат во подлабоките слоеви на кожата и овозможуваат подобар ефект.

Шесто правило: заштитете ја својата кожа од агресивните фактори на околината, особено од сонцето.