Правило 5 секунди: Ви испадна храната на под? Дали е безбедно БРЗО да ја подигнете и да ја ИЗЕДЕТЕ?

23 јуни, 20200
Capture 10

Расправата околу ова правило трае веќе 25 години

Фамозното правило “5 секунди” по кое наводно, е во ред во овој рок да ја подигнете храната која ви паднала на подот и да ја изедете, веќе со децении предизвикува различни коментари.  

Под овој назив, правилото прв пат се споменува во 1995та, а заговорниците на принципот “5 секунди” се убедени дека во него нема било што негативно и дека дефинитивно е “дозволено” да се јаде храната од подот, додека други сметаат дека во било кој случај не смеете тоа да го направите, како и тоа дека паднатата храна треба веднаш да ја фрлите во ѓубре, без разлика на тоа дали сте ја подигнале од подот за 1 или 10 секунди.

Како и обично, кога станува збор за вакви работи, и стучњаците се поделени.  

Добитничката на Нобеловата награда Џилијан Кларк во 2003-тата утврди дека различни видови на храна во рок од неколку секунди биле контаминирани бактерии со плочки на кој се наоѓаше примерок на Ешерихија коли. Меѓутоа од друга страна Кларк установи дека не постојат докази за контаминација на храна која падна на подот во јавните установи.

Во различни временски интервали, од 5 до 300 секунди, стручњаците за универзитетот Рутгерс испитуваа различни видови на храна на неколку подлоги: тепих, керамички плочки, дрво и необработен челик. Помалку изненадувачки, најмалку бактерии се собрале на тепихот, додека најкритичната храна до доста течности која полесно привлекува штетни супстанци.

Студијате на универзитетот Астон во 2014-тата најави дека постои “минимален” ризик иако многумина не се согласуваат со ова и се повикуваат на фактот дека бактериите на можат на различни подлоги да преживеат и до месец.

Повторно, некои педијатри сметаат дека нема ништо лошо во тоа да го оставите своето дете да ја изеде таа храна бидејќи така се зајакнува неговиот имунитет…

Секако, одлуката зависи од вас…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi