Празниците не се единствениот виновник за вишокот килограми: Еве кои се и другите причини!

26 декември, 2020
dreamstime-stres_HqZ0P8d

Многумина честопати ги обвинуваат празниците за здебелување во зима, и ова дефинитивно има валидна причина. Прејадувањето за Божиќ не е невообичаено, но научниците велат дека причината е многу подлабока. Недостатокот на сончева светлина е еден од „виновниците“ за зголемување на телесната тежина.


1. Метаболизмот е забрзан

Во зима, нашиот метаболизам значително се забрзува. Телото троши повеќе енергија за да ја стабилизира температурата и да остане топло, што значи дека ни треба повеќе храна за овие дополнителни процеси. Нормално, чувствуваме потреба да јадеме повеќе. Експертите велат дека можеме да помогнеме доколку доволно го загрееме телото, односно останеме топло.

2. Клетките складираат повеќе маснотии


Едно истражување покажа дека масните клетки реагираат позитивно на сончевата светлина. Клетките најблиску до кожата, кога се изложени на сонце, стануваат сè помали и со тоа складираат помалку маснотии. Така, од друга страна, недостатокот на сончева светлина може да ја подобри способноста на клетките да складираат маснотии, што го активира зголемувањето на телесната тежина. Научниците тврдат дека токму затоа треба да бидеме повеќе изложени на сончева светлина, односно да се разбудиме порано и да одиме на воздух.

24sata

3. Подготвувајќи се за „хибернација“

Луѓето се повеќе како мечки отколку што мислиме. Имено, луѓето спијат и повеќе во текот на зимските месеци. Експертите велат дека нашите примитивни инстинкти се движат со студот и ние несвесно се обидуваме да се снабдуваме со калории, исто како мечка која се подготвува за хибернација. Некаде длабоко во нас сè уште живее стравот дека нема да ги најдеме потребните хранливи материи кога ќе дојде зимата.