Пред да одлучите да имате ДЕЦА, постојат работи за кои треба ДОБРО да размислите

7 октомври, 2020
par-beba-1536x1024

Психолошката подготовка е исклучително важна

Велат дека најубаво нешто на светот е да посакате да имате деца со саканата личност.

Во повеќето случаи, кога парот започнува да размислува за тоа, тоа значи дека се подготвени да ја однесат врската на ново ниво.

Сепак, дури и врапчињата на гранката знаат дека децата се огромна одговорност. И одредени психолошки сомнежи треба да се решат пред да го направите тој чекор, со цел да им го дадете на своите деца најдобриот можен пример.

Детето ќе ја спаси врската

Колку пати сте чуле само за врски во кои ништо не оди како што треба, а целиот однос е речиси на „стаклени нозе“? Во суштина, едната страна е таа што претпочита и која се обидува да ја зачува врската по секоја цена.

Некои истражувања покажаа дека дури 67 проценти од паровите доживуваат намалување на задоволството во врската, по раѓањето на нивното прво дете. Намалувањето обично се јавува помеѓу 6 месеци за жени и 9 месеци за мажи, по појавата на бебето. Значи, ако планирате да спасите брак на овој начин, предупредуваат психолозите – тоа не е добра идеја.

Кариерата е на прво место

Добро, вие не живеете од љубов туку од пари, но љубовта е важна. Сепак, работохоличарите треба да постават приоритети, бидејќи тоа е трка за кариера што не влијае само на вас, на вашата врска, туку и на вашите деца.

Психолозите објаснуваат дека ситуацијата е обично ваква, дека децата стануваат емоционално запоставени и се чувствуваат „невидливи“. Како резултат, децата може да почнат да се чувствуваат виновни, а подоцна во животот, да имаат проблем со ниска самодоверба.

Не сте задоволни од сопствениот живот

Според Државниот универзитет во Мичиген, малите деца учат копирајќи ги своите родители. Ова значи дека вашето дете многу ќе личи на вас, па затоа е важно да се појавите пред нив како личност која има самодоверба, со цели и желби. Во спротивно, тие би можеле да ги имитираат вашите несигурности во животот, што може да ги спречи децата да ги постигнат своите цели во иднина.

Ова не значи дека не е дозволено да се покажуваат слабости пред нив. Напротив. Но, мора да работите на себе пред да се одлучите за ваков голем чекор.

Се чувствувате како дете и приоритет ви е да си поминете убаво во животот

Психолозите имаат дури и посебен израз „инфантилизам“, кој опишува личност која претежно се однесува како дете, иако е возрасна личност. Овие луѓе обично се водени од емоции, а не од умот. Родителството бара издржливост и самоконтрола, а децата имаат тенденција да го копираат однесувањето на луѓето околу нив – за ова им треба примерот на емоционално стабилна личност.

Имате проблеми со стрес и анкисозност

Голем број на студии откриле дека негативните емоции на родителите можат лошо да влијаат на развојот на нивните деца. Експертите веруваат дека особено силно влијание се јавува во првата година од животот на бебето. Како резултат, можно е децата да стекнат негативно однесување и негативно расположение од своите родители. Значи, правилото е едноставно: вашата среќа ќе го направи вашето дете среќно.

Очекувате перфекционизам во секој аспект од животот

Перфекционизмот честопати е предизвикан од страв од неуспех, чувство на недостојност, ниска самодоверба и лоши искуства од детството, објаснуваат психолозите. Родителите треба сами да ја преземат контролата над овој психолошки проблем, бидејќи понекогаш нивните деца нема да ги слушаат и нема да сакаат да пишуваат домашни задачи или нешто слично. Само бидете подготвени дека понекогаш ќе мора да повторите нешто неколку пати или да ја счистите храната од ѕидовите. И тоа е сосема во ред!

Веќе имате деца, но сакате повеќе

Една жена сподели детали за нејзината зависност од бебиња. Имено, таа веќе има пет деца и сфаќа дека е премногу стара за да роди ново, но не и да престане да размислува за тоа. Се покажа дека желбата да се пополни внатрешната празнина, како и несреќното детство, може да бидат главната причина за тоа. Значи, желбата за повеќе и повеќе деца не е секогаш добра и тоа може да биде проблем што треба да се реши со специјалист, се наведува на порталот Bright Side.

escort - Korsan taksi