Предности на сексот во бременоста

8 мај, 20200
секс

Веројатно многу трудници ги интересира истото прашање: Дали можам да имам секс додека сум бремена?

Одговорот на ова прашање е ДА.

Доколку докторот не ви каже дека има причина за да немате сексуални одности, тогаш е сосема во ред да си продолжите со редовните сексуални односи и за време на бременоста. А еве и неколку предности од тоа.

1. Потполно сигурен начин да останете блиски сo партнерот

Сосема е оправдано да чувствувате страв дека можете да го повредите бебето. Но време е да ги отфрлите сите стравови. Освен ако докторот не ви каже дека постои причина за да немате, сексот е сосема безбеден во бременоста.

2. Сексот во бременоста може да е многу подобар отколку вообичаено

Промената во хормоните може да направи сексот да ви биде многу поубав за време на бременоста.

3. Добар е за вашето здравје, а ги олеснува и симптомите на бременост

Сексот сам по себе е одлична физичка активност. А освен тоа, може да ги намали непријатностите кои ги чувствувате за време на бременоста. Освен тоа, ќе согорите калории, ќе ви се намали крвниот притисок и помирно ќе спиете.

4. Сексот во бременоста расположува

Бременоста е вистински ролеркостер, а окситоцинот кој се лачи за време на сексот ќе ви го зголеми чувството на љубов и радост.

5. Добро делува на бебето

Колку подобро вие се чувствувате, толку и бебето е помалку изложено на стрес.

6. Добра прилика да пробате нешто ново

Стомакот може да ви биде пречка за вашите омилени пози. Но нема причина за грижа, зашто и понатаму има причини за обострано уживање. Секако и можност за пробување на нови пози.

7. Сексот може да влијае и на породувањето

Организмот ги поттикнува контракциите на матката. Но овие контакции не можат да го поттикнат породувањето доколку сте на почетокот од бременоста. Доколку сте при крајот на бременоста, нема причина зошто да се воздржувате од секс.

8. Сексот за време на бременоста може да го забрза заздравувањето по породувањето

Засилената карлица ќе го подготви вашето тело за породување, но и ќе го олесни заздравувањето по породувањето. Оргазмот е интересен начин да ја зајакнете оваа регија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *