Пристигнаа загрижувачки информации, а се однесуваат на младите кои се заразени со Ковид – 19: Ситуацијата е сериозна!

10 септември, 2020
unnamed

Најмалку секој петти пациент на возраст меѓу 18 и 34 години, коj е примен во болница поради инфекција од Коронавирусот, ќе заврши на интензивна нега и секој десетти на крајот е интубиран и поврзан на респиратор.

Ова е заклучок на американски научници кои ги анализирале податоците од Соединетите држави, а нивното истражување потврдува дека и младите се подложни на потешки форми.

Иако помладите често не покажуваат сериозни симптоми на Коронавирус, тоа не значи дека нема да развијат компликации што можат да бидат дури и фатални.

Истражувачите предводени од професорот Скот Соломон од Медицинскиот факултет Харвард, анализирале податоци од скоро 63.103 лица коишто се лечеле од Ковид во 419 американски болници, од кои 3.222 биле на возраст меѓу 18 и 34 години, со просечна возраст од 28 години.

Ризикот од хоспитализација кај младите може да биде релативно низок, но кај оние кои се хоспитализирани, ризикот се зголемува. На пример, тие имаат двојно поголема веројатност да умрат од Ковид отколку од срцев удар.

Најчеста компликација: pneumotoraks

Околу 1 процент од пациентите примени на лечење од коронавирусот развиваат пневмоторакс како компликација.

Грутка во белите дробови предизвикува проток на воздухот низ дупката и ненормално се концентрира во страничниот простор помеѓу белите дробови и ѕидот на градниот кош, што на крајот може да доведе до колапс на белите дробови.

Оваа компликација обично се јавува кај многу високи мажи и постари лица со сериозно хронично заболување на белите дробови.

Приближно две третини (63 проценти) од пациентите со пневмоторакс преживеале, особено оние помлади од 70 години, додека кај постари пациенти стапката на преживување е помала, околу 42 проценти.