Прославување годишнина дома? – Зошто да не!

31 мај, 20200
3123

Рестораните се вообичаениот избор за славење на годишнини, но замислете ја истата атмосфера, само во удобноста на вашиот дом без сета гужва. Има неколку начини како во домашна атмосфера да го постигнете тоа посебно чувство како во скапите ресторани, и да се посветите еден на друг.

Декорирајте го својот дом

Што најмногу ве фасцинира кога ќе влезете во некој скап ресторан? Атмосферата и украсувањето, секако. Обидете се да го направите тоа и дома. Заборавете на секојдневните тањири, и конечно извадете го тој посебен сет кој го чувате за посебни прилики. Наберете цвеќиња од дворот, запалете неколку миризливи свеќи, и пригушете го светлото. Атмосферата веднаш ќе се промени. Секако може да додадете и други декорации кои се по ваш вкус, како салфетки со принт, кристални чаши или посебен чаршав за маса. Оставете романсата да ве поведе во вистинската насока.

Згответе нешто неодоливо

Соберете храброст да се обидете да го зготвите омиленото јадење на вашиот партнер, но изберете нешто во кое и вие уживате. Не заборавајте да го украсите и да го послужите на посебен тањир. Ако десертите ви одат од рака, направете и нешто за засладување по вечерата. Можете и да размислите која храна ве асоцира на вашиот прв состанок, и да ја подготвите и таа за оваа прилика. Спомените од тие времиња ќе ја направат вечерта уште толку посебна.

Дотерајте се

Не дозволувајте си себеси да ја прославите годишнината во тренерки. Тоа што не излегувате во отмен ресторан, не значи дека ви е забрането да изгледате убаво. Облечете некој атрактивен фустан или извадете го скапото одело, но изберете нешто во кое се чувствувате удобно. Средете ја фризурата и шминката, и подготвени сте.

Активности

Одлучете што ќе правите за време на вечерата, или испланирајте и пред неа. Дали ќе танцувате на вашата омилена песна, ќе разгледувате фото албуми, или ќе разменувате нежности, останува на вас. Најважното нешто е да уживате со вашиот партнер и да го одбележите овој датум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *