ПРОТИВ СТРЕС, ИНФЕКЦИИ, БОЛКИ … Веројатно го имате овој чај во кујната, а не знаете колку е моќен!

2 октомври, 2020
мед

Чај против болка, чај што ја лекува и закрепнува кожата и штити од болести? Сè во една чаша, ако пиете чај од невен!

И покрај малку горчливиот вкус, невенот се користи како народен лек со векови и има неколку корисни ефекти врз организмот, пишува Мондо.

Заштитува од стрес

Невен го зајакнува имунитетот и ги штити клетките затоа што е полн со антиоксиданти, кои спречуваат оксидативниот стрес да ги оштети нашите клетки.

Содржи флавоноиди, полифеноли и каротеноиди, го намалува воспалението и особено хроничното воспаление, како што се оние што се јавуваат при дебелина, метаболички синдром и дијабетес тип.

Ја обновува кожата

Невенот содржи супстанции кои и помагаат на кожата да се опорави ако имате рани или чиреви, а исто така го зголемува производството на колаген.

Заштитува од инфекција

Екстрактот од невен се користи против дури 23 видови на габични инфекции.

Обновува непца

Ако имате гингивит, исплакнете ја устата со чај од невен. Тоа ќе ја опорави мукозната мембрана и ќе го намали бројот на микроби во усната шуплина.

Помага при тешки болести

Постојат студии кои укажуваат на тоа дека состојките на невен делуваат кај пациенти со тумори на панкреас, кожа, дебело црево и леукемија. Сепак, експертите предупредуваат дека овие резултати се прелиминарни и дека треба да се спроведат уште пообемни студии на пациенти.

Ја ублажува болката

Исто така, постојат студии кои наведуваат дека невенот ги намалува грчевите за време на болна менструација, болката во брадавиците за време на доењето и го подобрува здравјето на срцето.

escort - Korsan taksi