Проверете дали го сецкате зеленчукот ПОГРЕШНО: Нутриционистите објаснуваат како правилно да го направите тоа

7 септември, 2020
Seckanje-1-1536x1025

Важно е како го миете, лупете и сецкате зеленчукот

Без разлика дали ќе го излупите или исецкате зеленчукот на еден или друг начин, не е важно толку многу … Грешка! Начинот на сецкање е од најголема важност, барем така велат експертите.

Во процесот на подготовка на зеленчукот во кујна, сè е важно, од миење до сечење, вели нутриционистката Гарима Гојал.

Додека обично ги правите овие дејства автоматски и на ист начин, можеби е време да се уверите дека ги правите на вистински начин.

Миење

Миењето пред сецкање или лупење е многу важно, не само затоа што ги отстранува нечистотијата и штетните бактерии кои се наоѓаат во кората, туку и да ги зачува сите витамини што се распаѓаат во вода. Ако го миете зеленчукот само по сечкање или лупење, ќе изгубите поголем дел од овие витамини.

Тап нож

„Бројни студии покажуваат дека зеленчукот се оштетува ако го исечете со тап нож. На тој начин се губат електролитите и калциумот, а храната добива и лош мирис “, објаснува Гојал.

Лупење

Обидете се да ја излупите кората што е можно потенко, бидејќи на тој начин ќе се зачуваат најмногу хранливи материи. Интересно е што некои студии покажуваат дека постојат разлики помеѓу, на пример, морковот кој дома го лупите рачно и морков што се лупи во фабрика.

„Штетни бактерии како што е ешерихија коли се помалку присутни во зеленчукот кој е рачно излупен“, вели Гарима Гојал.

Сецкање

„Иако изгледа поубаво, сецкањето на мали парчиња не е добро и на тој начин се губи голема количина на хранливи материи. Ситно сецканиот зеленчук се расипува побрзо, ја губи влагата природниот изглед. Препорачливо е за конзумирање и употреба зеленчукот да се сече на поголеми парчиња “, заклучи Гојал.