ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ ИЗМАМЕНИ: Како да знаете дали сте купиле вистински, чист мед

16 октомври, 2020
maska-maske-korona-ljudi-kovid19-kupovina-supermarket-prodavnica-S1

Медот е здрав, полн со минерали и хранливи материи, но за да има организмот максимална корист, важно е медот да биде чист. Еве како да го проверите.

Различни гликозни раствори, фруктозен сируп и други состојки често се додаваат во медот, за што потрошувачите немаат идеја. Затоа што не можете да видите дека нешто е додадено на медот. Но, за среќа, постојат многу едноставни начини да бидете сигурни дека сте купиле чист мед.

Тест со палецот

Ставете мала количина мед на ноктот на палецот и обрнете внимание дали брзо се разлева наоколу, како течност. Ако се резлее, најверојатно е дека не е чист мед. Чистиот мед е прилично густ и не може да се разлее толку брзо.

Тест со вода

Земете една лажичка мед и истурете ја во чаша полна со вода. Ако има додатоци во медот, тој брзо ќе се раствори во водата, додека чистиот мед има погуста структура и едноставно ќе падне на дното на чашата, тој нема да се раствори веднаш.

Можете да извршите сличен тест со чиста бела крпа – крпата нема да може да апсорбира чист мед, ниту пак ќе остави дамки.

Тест со пламен

Можеби не сте го знаеле ова, но чистиот мед е многу запалив. Ако се одлучите за ваков тип на тест, бидете многу, многу внимателни и преземете мерки на претпазливост. Земете шкорче и натопете го во мед, па обидете се да го запалите. Ако гори, тоа е чист мед, ако не – најверојатно има дополнителни состојки кои имаат одредена влажност.

Тест со оцет

Измешајте лажица мед со две или три капки оцет. Доколку оваа мешавина се пени, големи се шансите да не е вистински или чист мед.

Тест со топлина

Кога ќе загреете чист мед, тој брзо ќе се карамелизира и нема да стане пенлив. Ако има додатоци во него, нема да се карамелизира во топлината и меурчињата и ќе почне да се формира пена кога ќе се загрее.

Покрај овие тестови што можете да ги направите кога купувате мед, има и нешто на што може да обрнете внимание кога го купувате. Чистиот мед е густ и кога ќе го земете со лажица или ќе ја навалите теглата, тој паѓа во млаз. Има мека текстура и никогаш не се одделува во повеќе слоеви.

Кога станува збор за вкус, суровиот или чистиот мед во устата остава чувство на благо пецкање или скокоткање.

escort - Korsan taksi