Психата страда прва, а телото пропаѓа:како да го истренирате мозокот да не се грижи!

8 јули, 2020
ср

Дали знаете дека прекумерната грижа може да ги зголеми срцевите отчукувања, да го отежне дишењето и да предизвика бледило на лицето? Крвта се повлекува од површината и оди во мускулите, за да може да се подготви за нова грижа- напнатост, која може да предизвика болки, главоболки и слабост во нозете, а се јавува и диареа или опстипација. Кога грижата станува хронична, човекот станува подложен на инфекции. Високото ниво на анксиозност и стрес го слабее имунитетот, што води до чести настинки и други сериозни проблеми.

Сепак, има добри вести- мозокот буквално може да се истренира да престане да се грижи. Правете ги овие три работи и ќе го спасите здравјето.

Запишете ги вашите грижи
Најдобар начин да ги проверите вашите грижи е да ги запишете на лист хартија. Тоа ќе ви помогне да ги отфрлите сомнежите, или да ги сфатите како конкретен проблем, а потоа можете да пронајдете и решение.

Медитирајте

Познати се способностите на медитацијата која може да го излечи духот и телото. Многу истражувања утврдиле дека медитацијата ја подобрува менталната стабилност. Кога се чувствувате напнато одвојте неколку минути за себе и медитирајте. Две минути се доволни за да ги исчистите мислите.

Вежбајте

Уште еден начин да го натерате мозокот да престане да се грижи е стресот да го исфрлите со помош на вежбање. На почетокот може да биде тешко, но редовното вежбање ќе ви помогне да ја вратите контролата над својот живот. Ќе се ослободите од стресот и ќе го зацрвстите психичкото и физичко здравје.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi