Психолозите откриваат: 9 работи што ментално СИЛНИТЕ луѓе НИКОГАШ не ги прават

9 август, 20200
Annotation 2020-08-09 205930

За да ја зајакнете вашата ментална сила, клучно е да научите да се ослободите од токсичните мисли, навики и чувства што ве мачат.

Честопати се слуша изреката: Мислете позитивно, и убави работи ќе ви се случат.

Сепак, позитивните мисли, колку и да се корисни, не се доволни, затоа што за да ја зголемите вашата ментална сила, мора да промените некои од вашите навики.

Следниот пример покажува дека само промена на мислите не може да даде резултати, потребно е и менување на навиките.  

Замислете бодибилдер кој оди во теретана и поминува часови тренирајќи, без да ги усвои правилата за здрава исхрана. Резултатите ќе бидат отсутни во тој случај, а истото важи и за тренирање на умот.

Менталната сила помага да се постигнат целите.

Ако сакате да се наречете ментално силна личност, психолозите наведуваат работи што силните луѓе никогаш не ги прават.

1. Не се сожалуваат

Животните проблеми и несреќи се неизбежни, тие се составен дел од животот и како ќе реагирате на нив е само ваша работа, а таа реакција рефлектира дали сте ментално силни или не. Сожалувањето нема да ги реши проблемите, во најмала рака, може да ве однесе само подлабоко во бездната. Ако сте навикнати да се жалите секој пат кога ситуацијата е напната, обидете се да го промените тоа што е можно поскоро.

Ментално силните луѓе не губат време и енергија размислувајќи на проблемот, туку се фокусираат на решавање на истиот.

2. Не дозволуваат други да го контролираат нивниот животот

Силните луѓе цврсто ги држат конците во свои раце и не дозволуваат другите да ја обликуваат нивната судбина. Вашиот живот е ваша работа и никој друг нема право да се меша во вашите одлуки. Треба да ги слушате советите, но ако сметате дека некоја личност се обидува да ви наметне свое мислење, оддалечете се од таквото друштво што е можно поскоро.

3. Не трошат енергија на работи што не можат да ги контролираат

Загриженоста и стравот постојат само во нашата глава. Наместо да се фокусираме на потенцијалните проблеми што може нема да се случат никогаш, подобро е таа енергија да се насочи кон нешто попродуктивно. Некои работи во животот се случуваат против нашата волја и не постои начин да ги контролираме. Ментално силните луѓе тоа добро го знаат и не се мачат со овие работи. Затоа тие се и поуспешни и помирни.

4. Тие не се обидуваат да ги задоволат сите

Да му помогнете на некого и да му се најдете кога е тешко е совршено добро, но трошењето на целата своја енергија на други луѓе е сосема погрешно, без оглед колку сте блиски. Кога давате премногу од себеси за да решите нечиј проблем, станувате незадоволни и исцрпени, а тоа води до нервоза и животот ви се влошува. Ментално силните луѓе се ставаат себе на прво место.

5. Не се плашат од ризик

Секојдневно носиме десетици – ако не стотици – одлуки, без оглед колку се ризични. По правило, овие одлуки се засноваат на емоции, а не на реалното ниво на ризик. Емоциите се честопати ирационални и несигурни. Нема шанси да станете ментално силни ако понекогаш не ризикувате.

6. Не се враќаат на минатото

Минатото треба да се остане таму каде што припаѓа, зад нас. Не можеме да влијаеме врз него, не можеме да го промениме, затоа не треба да бидеме премногу вознемирени за него. Сè што се случило било и требало да се случи, дури и некои грди работи. Тие се таму за да нè научат нешто и треба да бидат сфатени како лекции. Ментално силните луѓе не поминуваат ниту една минута размислувајќи за работите што завршиле.

7. Учат од сопствените а и грешките на другите луѓе

Силните луѓе ги гледаат грешките како лекции. Сите ние правиме лоши потези понекогаш, но само ментално силните луѓе никогаш нема да повторат една грешка одново и одново. Никогаш не се враќаат на места што им предизвикуваат непријатност и никогаш не им даваат втора шанса на луѓето кои ги повредиле. Покрај тоа, силните луѓе добро ги перцепираат работите околу нив и учат лекции од грешките на другите луѓе.

8. Не им пречи успехот на другите луѓе

Само на слабите им пречат успешните луѓе. Ментално силните знаат дека за нив не се пречка, туку само поттик и инспирација за да бидат подобри секој нов ден.

9. Не се потпираат на другите

Тие знаат дека успехот бара многу работа и дека никој нема да им даде ништо на чинија. Покрај позитивните мисли и големата желба за успех, силните луѓе се стремат секој нов ден да бидат поуспешни во сите сфери на животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi