Работи кои треба да ги научиме од жените кои никогаш не се на диета!

25 јули, 20200
диета

Диетите не се здрави. Особено оние брзите каде за кратко време можете да ослабете многу, но здравјето може да ви биде нарушено.

Ова најдобро го знаат витките луѓе кои никогаш не држеле диета, а за тоа имаат добра причина.

Еве неколку правила за луѓето кои сакаат да ја регулираат исхраната и да водат сметка за својата фигура, без држење диета.

1. Не е секој ден ден за честење на душата и за слатки гревови

Луѓето кои не се на диета влегуваат во онаа група на луѓе кои кога ќе им се понуди благо кажуваат “не”, бидејќи претходниот ден јаделе многу благо. Овие луѓе знаат кога треба да претераат, но и кога треба да престанат со гозба.

2. Не трошете време, ниту пари на диетална храна

Храната со малку калории и масти звучи добро во теорија, но во пракса таа е полна со јаглени хидрати, шеќер и адитиви. Наместо тоа, купувајте свежи производи и сами подготвувајте си ги јадењата.

3. Не постои храна која е “лоша”

Кељот е здрав, а мафините се лоши. Едни студии покажале дека доколку на својот мозок му кажувате дека чоколадото е лошо, тоа ќе направи да сакате повеќе чоколадо. Исфрлете го терминот “лоша” храна од свеста и само внимавајте во која мера и што консумирате.

4. Сон, сон и сон!

Ако сакате да имате добра телесна маса, сонот е на врвот на приоритетите! Дури и ако сакате да станете порано, многу лекари би ве советувале да продолжите да спиете бидејќи сонот е клучот за се, а недостатокот од сон ја зголемува потребата за висококалорична храна.

5. Препуштете и се некогаш на калоричната храна

Луѓето кои не држат диети имаат навика да го посетуваат McDonalds. Дури и да не ви одговара ваквата храна, простете си и следниот ден вратете се на нормалната исхрана. Кога сте среќни имате подобар индекс на телесната маса и подобар однос кон храната.

6. Трудете се да не пиете газирани пијалоци

Бело, розе и црвено вино се сметаат како клуч за долгорочно здравје, а кога ќе посакате газиран сок, подобро е да испиете чаша розе вино. Газираните сокови кај многумина создаваат зависност од шеќер.

7. Луѓето кои не држат диета сакаат да готват

Здравата исхрана не е ниту досадна, ниту невкусна. Доволно е да си поиграте малку со зачините и вкусовите.

8. Не ги бројте калориите

Постои огромна разлика во тоа како вашето тело согорува 1000 калории од брза храна и како согорува 1000 калории од здрава храна. Наместо да броите калории, фокусирајте се на тоа во вашата чинија да имате доста протеини, зеленчук и здрави масти.

9. Внесувајте шеќер паметно

Шеќерот секако дека не е добар за на долгорочни патеки, но луѓето кои не држат диети, не се откажале од шеќерот. Многу е важно да знаете колку шеќер реално му е потребно на на вашето тело за да ја вратите енергијата- дали е тоа рака суво грозје, некое овошје, или неколку чајни колачиња со чоколадо?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi