Развиена свест во секој момент – еве како „mindfulness“ техниката ни носи среќа

6 јуни, 2020
imageedit_158_6243823752

Зошто во секојдневното однесување треба да ја вклучите mindfulness техниката?

Развивајќи свест за сопствените мисли, постапки, физички сензации и природната околина, вие подобро ќе се справувате со емоциите и секојдневниот живот.

Интересно е да се спомене дека mindfulness, односно присутноста во сегашниот момент, помага и во спречување на осудувачки мисли за нас и за другите.

Работејќи на нашата свесност додека ги правиме секојдневните обрвски, ние стануваме и посвесни на убавината на малите нешта.

Можеби и најважното е дека ќе ја развиете вашата емпатија и великодушност.