Рецепт на кралицата Ранија за совршен тен!

11 мај, 20200
ранија

Кралицата Ранија е пример за многу жени ширум светот за убавина, стил и самодоверба со кои зрачи каде и да се појави.

Но она со што може уште да се пофали е и нејзиниот младешки изглед. Ова е нејзината тајна:

Таа сака умереност во сè, па тоа се однесува и на негата. Не троши премногу пари на козметика, ниту користи многу производи. Верува дека клучот за убавина е во користењето на правите состојки, а не во залудно трошење на пари на скапи и актуелни производи.

Нејзината ноќна рутина за убавина се состои од пена за чистење и тоник.Потоа нанесува хидратантен крем и серум кој содржи витамин Ц и колаген. Наутро се мие и нанесува тенок слој на дневна крема која на кожата и обезбедува еластичност.

Кога кожата и е сува, обично на лето, таа користи пантенол.

Еднаш неделно нанесува хранлива маска, а еднаш во 3 месеци посетува козметичар.

Благодарение на овие рутини, таа нема брчки на лицето, иако има 47 години.

Редовно се шминка, но не експериментира премногу со изгледот. Пудра, руж и малку маскара е она што и е потребно за да се чувствува најдобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *