Ретко кој знае: За што служат линиите на нашите дланки?

10 јуни, 20200
imageedit_205_8303063768

Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината. Тие се таму и за многу посериозна причина, и нивната улога е всушност многу важна.

Рацете и дланките се делот од телото кој највеќе го користиме, а за тие да се прилагодат на различните работи кои ги правиме како држење, растегање, куцање, пишување и слично, мораат постојано да го менуваат својот облик. Попрецизно, кожата која ги обвива мора да се прилагоди на комплицираните положби.

Овде на сцената доаѓаат линиите на дланките. Всушност, тие линии, исто наречени и набори, ѝ помагаат на кожата да се рашири и повторно да се собере во зависност од тоа што правиме со рацете. Линиите ѝ помагаат на кожата да се обвитка околу дланката кога го менуваме нивниот облик, на пример кога дланката ја свиткуваме во тупаница. На кратко, ако ги немавме тие линии, кожата ќе ни висеше на дланките.

Погледнете ги одблизу дланките и ќе видите дека секоја линија е на место каде што се витка дланката. Истото важи и за линиите на лактовите, колената, зглобовите, итн. Линиите кои ни ја држат кожата настануваат уште додека сме во матката на мајката. Дебелината и бројот на линии зависи од фактори како генетика и раса.

Повеќето луѓе имаат три главни линии на дланката, а некои имаат само една што може да упатува на абнормален развој на бебето во утробата и некои генетски пореметувања. Меѓутоа, лекарите ги земаат во обѕир и некои други фактори пред да воспостават дијагноза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi