Ретроградниот Меркур од 18 јуни го размрдува лото под нозете: Посебно внимание за овие 5 хороскопски знаци

16 јуни, 20200
Annotation 2020-06-16 173632

Јуни е навистина чудесен и посебен месец во 2020 година, поради појавата на две помрачувања и неколку ретроградни планети на кои од 18 јуни им се приклучува и Меркур во знак на Ракот- аспект кој на многумина ќе им го размрда тлото под нозете, пишува Lovesensa.

Јунскиот ретрограден Меркур нема да биде поинаков од претходните свои ретроградни фази, можно е одложување, погрешни информации, губење на работите, соочување со лагите и тешката вистина, затварање на душата…

Таа стара и добро позната Меркурова енергија на истиот начин ќе не погоди и во јуни 2020 година…

Многу знаци од Зодијакот ќе чувствуваат збунетост и напнатост во воздухот, но за следните 5 Меркур ќе има најголемо влијание!

Овен

Драги Овни, наскоро ќе ги почувствувате необичните вибрации на ретроградниот Меркур на своја кожа. Во претходните неколку живеевте “на ивица”. Се што посакавте, го спроведовте на дело. Одлуките се донесени брзо, а и брзо се покажаа како погрешни. Сега е моментот да успорите . Следи период на соочување со последиците и наплата на стари долгови. Соочете се со промените, а после тоа ќе го пронајдете својот мир.

Рак

Ретроградниот Меркур како едвај да чекал да пристапи кон вашиот нежен знак. Можно е да се чувствувате вознемирено, нервозно. Ве очекува поплава од чувства кои не е така лесно да се манигестираат. Се соочувате со разни тајни и учите нови лекции. Наместо да ја темелите енергијата на негативност, насочете ја кон оптимизмот и духовниот развој.

Девица

Ретроградниот Меркур ви носи големо оптоварување и чувство на губење на контролата. Можно е личноста на која и верувате да почне да го покажува своето вистинско лице. Не бидете разочарани ако еден однос се заврши засекогаш – сметајте дека ретроградниот Меркур ве спасил од нови неволји и тага.

Шкорпија

Ве исполнуваат негативни мисли, а особено не ви оговара бранот помешани емоции кои не можете да ги прикриете. Шкорпиите се секогаш мистериозни и таинствени, но сега нема да успеат да ги скријат чувствата. Дозволете им да излезат од вас, не ги потиснувајте. Нека се излијат од вашата душа како водопад и засекогаш нека ги снема. Набргу ќе се чувствувате ослободено.

Јарец

Реалноста не ги исполнува вашите очекувања и затоа не сакате да ги видите своите проблеми, недоразбирања и грешки. Носите “очила” на заблудата и вовлечени сте во лаги. Ретроградниот Меркур ќе ве поттикне навистина да ја погледнете вистината во очи и за се соочите со сите непријатни искушенија кои животот моментално ви ги сервира. Не грижете се, ќе излезете од оваа битка како победник, пишува  Lovesensa.

Ретроградниот Меркур во знак на Ракот ќе има најголемо влијание на вашите емоции и на начинот на кој ги изразувате. Не ги задржувајте, пуштете ги слободно да излезат од вашата душа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi