Рис Витерспун го споделува својот рецепт за зелено смути, коешто таа го конзумира секој ден цели 9 години!

27 мај, 20200
ris

Во видеото кое го постави на својот Инстаграм профил, Рис објаснува дека првпат слушнала за ова смути од Кери Вашингтон (Little fires everywhere), додека седеле една до друга за време на TV show. Рис вели дека не ја познавала Кери доволно добро, но сепак одлучила да ја праша што користи за нејзината кожа да изгледа толку беспрекорно. Кери ја споделила својата рецепта за зелено смути со Рис и додала дека покрај нејзината кожа, и нејзините нокти и коса станале уште поцврсти.

Штом Кери и Рис се задоволни, можеби и ние треба да ја пробаме оваа рецепта:

– Две глави зелена салата

– ½ шолја спанаќ

– ½ шолја кокосова вода

– 1  банана

– 1 јаболко

– 1  круша

– 1 лимон

– целер (по желба)

– путер од бадеми (по желба)

Исто така, може да додадете и други здрави намирници, како на пример протеин во прав, путер од бадеми или ленено семе – едноставно, направете го по свој вкус!

Откако се е изблендирано и е постигната светло – зелена боја на напивката, Рис вели: Знам дека изгледа грозно, но верувајте ми, превкусно е!

Рис не појадува и наместо тоа, го прави ова зелено смути, околу 10 или 11 часот наутро и притоа останува сита се до времето за ручек.

Од оваа рецепта се добива доволна количина за два дена, па така Рис остатокот од смутито го складира во тегличка којашто слободно може да отстои  во фрижидер до следниот ден.

Пробајте ја мојата рецепта за зелено смути! Се надевам дека ќе ви се допадне. – додава Рис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi