Родените помеѓу 1980 и 1996 се зависни од естетски зафати

12 јули, 20200
milenijalci-790x388

Не е само генерацијата 40 + загрижена поради тоа што карантинот не можат да ги посетат своите естетски хирурзи. Инспирирани од социјалните мрежи и од идеата дека природниот изглед и реториката „малку е многу“ милениалците, име на оние родени помеѓу 1980 и 1996, се помасовно се посветуваат на физичкиот изглед à la carte. А резултатот на оваа појава е тоа што за прв пат минатата година тие направиле повеќе пластичн операции во споредба со генерацијата помегу 50 и 60 години.

Сакаме се !

Трендот да се прифатиме онака како што изгледаме природно е се поприфатен, но трендот на пластични операции е постојано во пораст. Хируршката убавина е во подем за што зборува и проценката дека до 2025 година овој пазар ќе има заработка од 45 милијарди долари.

„Дизајнирањето на својот изглед е веќе мејнстрим и стана вообичаена процедура особено која милениалците“ – изјавува францускиот социолог Филип Лотард. „Почнувајќи од тетовирањето и пирсингот па до пластичните операции како и неинвазивните корекции на телото и лицето, модифицирањето на физичкиот иглед стана составен дел од идентитетот на новата генерација, која верува дека го има правото на изглед кои они го сакаат и не сакаат да го прифатат она што го добиле од мајката природа“.

Решавањето на комплексот поради голем нос или прремали гради повеќе не е во фокус бидејќи оваа генерација ја има можноста да своите телесни атрибути ги прилагодат на своите желби. Полни усни, истакнати јаболчници, секси деколтеа, мазна кожа, плочки на стомакот…Ако сте спремни да платите и да ја издржите болката све е возможно.

Филозофијата „Погледни ме“

Не така одамна, корисниците на естетската медицина беа постари лица од 40 години и дискретно се шетаа низ ходниците на естетските болници и излегувајќи од задната врата доколку е возможно. Денес генерацијата Y ги снима своите операции, искуствата ги дели на социјалните мрежи и собира лајкови. „Коога отидов на првата пластична операција со другарка ми уште во чекалната си правевме селфиа“ – рекла Леа, аплсолвентка по право која има проблеми со тенки усни. Какок типична претставничка на генерацијата која порасна со паметни телефони и социјални мрежи, Леа без проблем ги споделувала фотографиите после секоја посета на естетски хирург, има направемо 6 и во план и е 7-мата. Другарките ентузијастички ја наградуваат со лајкови за свежо напумпаните усни и заруменет тен од хемискиот пилинг. Ни Леа ни другарките не се замараат за дискрецијата и сакаат со светот да го споделат своето ново лице. Нивната логика е дека трансформацијата мора да е видена, особено на социјалните мрежи. Бидејќи ако никој не ја види промената тогаш зашто воопшто се труделе?!

„Се е поради социјалните мрежи“ потврдува др. Франсоа Нифоро, водечки француски експерт за ринопластика. „Младите пациенти често се фотографираат веднач штом ги отстранат облогите додека носот им е уште отечен. На консултации за операција доаѓаат со ретуширани селфиа и нереални барања па морам да им објаснам за несаканите ефекти со цел да ги одвратам од операција.“

Диктатурата на новата убавина

Исто како и Леа така и десетици илјади луѓе се подложуваат на естетска хирургија секоја година. Некои со скалпелот ставаат крај на комплесот кој со години го имале. Но денес претежно тоа се прави за да се постигне идеалот за убавина наметнат од стандардизираниот изглед кој не преплавува од ТВ реалните емисии и од друштвените мрежи. Овој феномен е зголемен особено во последните години поради скектакуларната (р)еволуција на неинвазивните операции, кои од ден на ден се се подостапни. Почнувајќи од ботокс инекции и хиларионски филтри до фокусиран ултразвук со термален коагулациски третман и други бројни вакви „меки“ методи. Брчките и порите исчезнуваат, усните се подебели, кожата се затегнува и сето тоа без скалпел.

За оваа генерација повеќе е – повеќе

Се поприсутни на социјалните мреши инспирирани од реалните шоуа, тинејџерите од така наречената селфи генерација многу рано ја осеќаат потребата за подобрување на свјот физички изглед со помош на естетската хирургија. Пред само 5 години оваа „мода“ беше скоро незабележителна, но според статистиката на Американската асоцијација на пластични хирурзи само во 2017 година е забележано дека се направеени дури 229 000 операции на барање на пациенти помеѓу 13 и 19 годишна возраст. „Критериумот за природна убавина на оваа генерација е потполно несфатлив, а кога ќе влезат во мојата ординација се полни со идеи и планови“ – коментира њујоршкиот спезијалист по естетска хирургија Стафорд Броуманд. „Младите не доаѓаат со цел да изгледаат убави и посакувани и се опседнати со дефиницијата за добро дефинирани линии на лицето и мека кожа. А за да го постигнат тоа понекогаш бараат се и сешто. Повеќето колеги се држат до правилата и законите но постои и црн маркет. На лицата на некои тинејџери има повеќе хилалуронска киселина отколку живо ткиво но од нивна гледна точка тоа има поголема вредност и значење.“

Филтер за вистински живот

Дали тоа значи дека оваа генерација е по мускулеста, рзмазена и каприциозна? Не, но тие живеат во ееден сосема друг свет односно со мислење дека др. Броуманд со еден потег на скалпелот ќе му го подобри животот. „Навикати се своите „недостатоци“ да ги корегираат со филтри и мислат декаа ное тоа може да во претвориме во реалност“. Ретушираните и едитирани фотографии владеат на Instagram и Snapchat, на кои младите редовно користат дигитални алатки за да го оптимизираат својот изглед. Магичните филтри ги зголемуваат очите, ги дефинираат цртите на носот, ги пумпаат усните и ја мазнат кожата што е километри далеку од вистинскиот иглед на луѓето кои ги користат.

Огледалце, огледалце кажи ми

„Проблемот е во тоа што селфито визуеллно го зголемува носот за 30 %, а филтрите паралелно ги зголемуваат очите и пумпаат усните. Резултат од ова? Големо побарување на „инфантилирани“ нос, за да се постогне складно селфи. Овој проблем на новата генерација го истакнува и професорката по психологија на универзитетот Nortwestern Рене Енгелн според која„ Достигнавме ново ниво на кое многу млади луѓе го изгубиле осетот за своето лице што се изненадуваат кога ќе се погледнат во огледало. Тоа поместување на перцепцијата делува погубно на менталното здравје кај лицата опседнати со селфиа“. Таа ја подржува најавата дека некои апликации и филтри ќе бидат отстранети, а се одговорни за така наречената Snapchat дисморфија на бројни пациенти кои се изложиле на пластична операција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *