Родители, ова е важно: Како да ги препознаете симптомите на Кавасаки синдром?

20 мај, 20200
кавасаки

Кавасаки се јавува секоја година. Не е познато што точно го предизвикува, но најчесто предизвикувачот е вирус. Сега бидејќи е активен коронавирусот, веднаш го поврзуваат со него. Кавасаки се јавува најчесто на пролет или на есен кога има присуство на разни видови на вируси. Има симптоми на вирусна инфекција по која се јавува воспаление на крвните садови. Доколку се открие на време, се лечи многу лесно.

Околку 75 проценти од случаите се јавуваат кај деца помали од пет години.

Болеста е многу ретка и погодува 10 до 20 на 100 илјади деца. Најмногу се погодени децата во Јапонија каде што просекот е 308 заболени на 100 илјади деца помлади од пет години.

Со соодветна терапија, многу од децата лесно и комплетно заздравуваат од синдромот Кавасаки.

Но, во САД оваа болест е најголем причинител за болести на срцето кај децата. 4 до 6 деца кои се лекуваат од Кавааки ќе развијат аневризма на коронарните артерии, состојба која влијае на работата на срцето. Многу од овие состојби се решаваат во наредните две години, а во ретки случаи компликациите предизвикани од Кавасаки синдром можат да доведат до доживотни срцеви проблеми или до смрт.

Симптомите на Кавасаки се развиваат во фази

Првата фаза може да трае од една до две недели, а вклучени се следниве симптоми:

Висока треска помеѓу 37,7 и 40 степени

Осип на телото

Крвави очи и јагодест жар црвен јазик

Непријатност во устата, грлото или стомакот

Други симптоми кои траат од втората до шестата недела

Болка во зглобовите

Болка во стомакот

Пролив

Повраќање

Лупење на кожата на нозете и рацете

Симптомите обично исчезнуваат во рок од три месеци, но доколку болеста не се лекува децата можат да имаат сериозни компликации, а во мал број на случаи може да дојде и до смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *