РУСИТЕ „ПУКААТ“ ОД ЗДРАВЈЕ ПОРАДИ ОВА: 5 тајни на руската исхрана – го зајакнува имунитетот, не дебелее и сè е домашно и вкусно!

16 ноември, 2020
dorucak

Ова се триковите што Русите ги користат секој ден при изборот на храна и како ја подготват!

Руската исхрана е богата со зеленчук, кисела храна и млечни производи.

Многу од нивните рецепти се исто така многу популарни во нашата земја, како и советите на руските нутриционисти и лекари за долг и здрав живот.

Ви ги откриваме петте најздрави навики на Русите кога станува збор за храната!

1. Секогаш појадуваат

И тоа здраво, житарки полни со растителни влакна за кои се варат долго време и на тој начин даваат чувство на ситост што трае подолго.

Русите често јадат различни вкусни житни каши за појадок, кои обезбедуваат енергија во текот на денот.

2. Јадат ферментирана храна

Различни млечни производи, јогурт, кефир, се редовни на руската трпеза. Исто така има и кисел зеленчук, или кисели краставички, полн со корисни материи.

Русите подготвуваат зимница на здрав начин, како што е џем од сливи, не додаваат адитиви или шеќер ако не мора.

3. Тие ручаат чорба

Вкусните руски чорби се составен дел од трпезата во текот на денот, а понекогаш се и главниот оброк.

Традиционалните руски чорби се полни со здрав зеленчук, понекогаш содржат и посно месо. Лук и кромид, моркови, компири, цвекло, се некои од состојките што им даваат вкус и содржат еден куп супстанции важни за добро варење и имунитет.

4. Тие скоро ништо не пржат во масло

Традиционалната руска кујна вклучува многу обарување, варење и печење, не пржење во масло, особено длабоко.

Русите јадат чорби, супи, печено месо или риба, а многу ретко на нивната трпеза ќе најдете нешто многу мрсно и солено.

5. Тие знаат да се засладат

Руската кујна, како и сите други кујни во Светот, содржи бројни рецепти за вкусни десерти.

Тие често содржат главни состојки на овошје, мед, џемови, младо сирење …

Русите можат да се почестат со нешто чоколадо, но нивните традиционални слатки се печени јаболка со мед и ореви, колачи со овошје, ‘ржани бисквити …