Русите си направија вакцина против Ковид-19 само за себе! Нема да дозволат извоз…

2 септември, 2020
19149281825f4f60d9de7e2773364778_v4 big

Александар Гинзбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Русија, рече дека не се планира руската вакцина за  корона вирусот да биде достапна на другите земји во следната година.

Тоа нема да се случи сè додека не се вакцинира руското население, пренесува „ТАС“.

„Колку што разбрав од разговорите со членовите на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој се занимава со ова прашање, извозот на вакцината не е планиран во следните 12 месеци, сè додека не се вакцинира нашата популација“, рече Гинзбург.

Сепак, тој рече дека во тек се преговори за обезбедување технологија за три до пет земји кои сакаат да ја произведат вакцината.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрира вакцина против корона вирусот наречена „Спутник V“, а оваа вакцина е изработена од институтот „Гамалеј“.

escort - Korsan taksi