Руски народен лек кој многу се применува: само 2 состојки се доволни за да го исчистите организмот!

10 мај, 2020
кефир

Чистењето на организмот треба да го спроведувате барем два пати во годината, бидејќи наталожените токсини може да доведат до разни болести.

Кефирот е одличен и за памтење и за концентрација, а особено се препорачува кај постарите лица. Исто така го намалува и притисокот, лечи артериосклероза и опстипација.

Во комбинација со кефирот хељдата го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Рецепт:

Со чаша кефир (180 мл) прелијте една лажица брашно од хељда и добро промешајте. По желба можете да засладите и со мед. Направете го тоа навечер и оставете го во фрижидер.

Наутро половина час пред да го изедете промешајте го уште еднаш. Во наредните три часа не јадете никаква храна.

За да се постигне најдобар ефект за детоксификација, најдобро е оваа смеса да ја изедете наместо појадок.