Сакате посјајна кожа? Можеби треба да пробате ШЛАКАНИЦИ! Необичен третман за подобра циркулација и сјаен тен!

21 септември, 2020
кожа

Понекогаш се чини дека жените ќе сторат сè за убавина и вечна младост.

Сепак, рака на срце, некои третмани навистина изгледаат незамисливо.

Познатите личности претежно се во првите редови во презентирањето на разни техники за подмладување, тврдејќи дека токму тоа им помогнало да изгледаат како што изгледаат (наместо скапите креми и исхрана, исто и  пластичните хирурзи)

Еден од третманите за кој во последно време се повеќе се зборува, има корени во тајландската и индиската култура и се состои во шлаканица на кожата, со цел стимулирање на циркулацијата, а со тоа и подобар проток на крв, регенерација на клетките и распаѓање на масни наслаги.

Се разбира, тука не станува збор за силно удирање или за каков било вид насилство. Самите процедури се брзи и се изведуваат со врвовите на прстите. Всушност, големи се шансите, доколку некогаш се најдете на улиците во Индија, да ве „плови“ од сите страни, нудејќи различни видови масажи. “Шлаканица” масажа е една од најпопуларните. Вклучува удари не само на лицето, туку и на вратот и бистата, како и „влечење“, односно пристап во кој се „извлекуваат“ одредени делови од телото, исто така со цел подобра циркулација.


Во Кореја се верува дека ова ја враќа еластичноста на кожата, особено ако комбинирате шлаканица со хидрантни лосиони или серуми.

Популарноста на ваквите салони во Америка расте од месец во месец. Многу дами се колнат дека им се допаѓа вакво нешто, но веруваме дека повеќе сакаат да се решат за нешто попријатно.

escort - Korsan taksi