Само три капки на ден прават чуда: ова масло е одлично за вашето здравје!

8 мај, 20200
масло 1

Веќе одамна е позната користа од ориганото во медицински цели.

Еве како само 3 капки од маслото од оригано може да ви го заштити здравјето!

Ги уништува бактериите

Маслото од оригано содржи карвакрол, природен антибиотик кој делува на бактериите. Во моментов се истражува влијанието на ова масло врз стафилококата, бактерија која може да биде многу опасна. Исто така, веќе е докажана неговата ефикасност во лекување на ешерихија коли.

Го намалува холестеролот

Со правилна исхрана и вежбање, маслото од оригано може да помогне во намалување на холестеролот.

Ја намалува болката

Некои истражувања покажале дека ориганото делува против болки исто како морфиумот и фенопрофенот.

Штити од болести

Главната задача на антиоксидантите е да го поништуваат делувањето на слободните радикали кои во спротивност можат да ја оштетат ДНК и на тој начин да предизвикаат болест.

Лечи габични инфекции

Маслото е природен антибиотик кој ги убива бактериите, но ги уништува и габите. Кандидата е габичка која одлично може да се лечи со ова масло.

Губење на килограми

Состојките од дивото оригано помагаат во диета. Се верува дека маслото го спречува размножувањето на масните клетки.

Како да направите и користите масло од оригано?

За маслото кое е лек за проблематична кожа потребно ви е 200 гр цветови и листови од оригано и литар маслиново масло. Исецканото оригано налејте го со маслиново масло и држете го на топло место 40 дена. Шишето повремено протресувајте го, процедувајте го и добро затворете го.

Етеричното масло од оригано треба да се зема во мали количини, а особено внимателни треба да бидат бремените жени и оние кои сакаат да забременат. Причината за тоа е што состојките во маслото си играат со хормоните, што е пак добро за жените во менопауза, бидејќи тогаш се регулираат хормоните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi