СЕ ГУБАТ 3 КИЛОГРАМИ ЗА 7 ДЕНА, А МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ ЧОКОЛАДО И ДА СЕ ПИЕ ВИНО! Со оваа диета од 3 фази, Адел изгуби дури 45 килограми

25 август, 2020
2293349_profimedia0537463730_ls

Пејачката Адел успеа да „преполови“ и да изгуби околу 45 килограми, а сега се дозна како успеа да го стори тоа. Имено, станува збор за диета „Sirtfood“ со која, според експертите, можете да изгубите три килограми за седум дена, без да се откажете од слатките како што се чоколадото, виното и кафето. Оваа диета се состои од две фази и трае вкупно три недели, по што можете да ги одржите резултатите.

Нутриционистот Ајдан Гогинс откри дека Адел започнала со спроведување на тој план на диета во 2016 година.

– Нејзината трансформација беше 90 проценти со „Sirtfood“ диетата и само 10 проценти од секојдневно вежбање. Ја обожаваше таа диета. Тоа ѝ помогна да изгледа фантастично. Адел изгуби 44 килограми со помош на оваа диета – рече Ајдан.

Инаку, првата фаза трае седум дена и вклучува значително ограничување на калории, поточно до 1000 калории на ден и конзумирање на зелен чај и малку чоколадо. Целта е секако нагло поттикнување на слабеењето со забрзување на метаболизмот.

Во втората фаза, која трае две недели, можете да имате три оброци и да пиете сокови.

Третата фаза е да ги повторите овие две фази колку што сакате, но продолжете со вообичаената исхрана со што повеќе здрави состојки што ги пропагира оваа диета.

„Sirtfood“ диетата се заснова на употреба на храна која го стимулира производството на ензим во телото познато како сирутин. Според некои истражувања, овој ензим влијае на метаболизмот со забрзување на побрзо согорување на калории, а покрај тоа, има свој ефект врз намалувањето на воспалителните процеси и заштитата на клетките на организмот.

Целта е да се зголеми внесот на сите здрави состојки, како што се јаболка, цитронско овошје, магдонос, боровинки, зелен чај, соја, јагоди, куркума, маслиново масло, црвен кромид, рукола, кељ и друго.

Пејачката, која комбинираше здрава исхрана со секојдневно вежбање, ги воодушеви обожавателите откако објави фотографија на која веднаш беше забележана нејзината нова фигура.

Експертите забележуваат дека можете да бидете на оваа диета само доколку немате сериозни здравствени проблеми.