Се појави нов вид на вирусот корона, поради кој кај младите и здрави луѓе се развива тешка клиничка слика!

19 декември, 2020
корона

Јужна Африка идентификуваше нов вид на корона вирус што предизвикува втор бран на инфекции во таа земја, изјави јужноафриканскиот министер за здравство Звели Мкизе.

„Нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КоВ-2 во оваа област, која во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2”, напиша во петокот Мкинзе на Твитер.

Тој посочи дека собраните докази силно сугерираат дека овој вид во Јужна Африка го започнува вториот бран на пандемијата, пренесува Ројтерс.

Патем, јужноафриканските лекари забележаа дека епидемиолошката слика се менува и дека има сè повеќе помлади пациенти без хронични заболувања кои развиваат тешка форма на болеста.

Во Јужноафриканската Република, 24.285 лица починаа до петокот вечерта, а заболени имаат повеќе од 900.000, вклучувајќи 8.700 нови случаи во претходните 24 часа.