„Се разбудив сред вечер со огромна желба за секс, но пред да водиме љубов со моето момче јас панично ги затворив моите нозе“

17 септември, 2020
нозе

Еден вторник, беше вечер, од чист мир станав желна за секс. Додека живеам со мојот вереник, ништо не ми беше полесно отколку да одам до собата во која беше и полека да започнам да го воведувам во приказната.

Не застанав се додека тој не ме погледна „така“, со оној поглед што го има секој маж што сака жена, пишува Елизабет Блази од порталот „Yourtango.com“.

Откако усно го задоволив, тој слезе да ми возврати. Ги раширив нозете со задоволство и потоа ги собрав побрзо.Почувствував ужасно непријатен мирис, а тој очигледно исто така го намирисаше, бидејќи неговото лице беше згрозено. Таа вечер немавме секс.

Имам испотена вагина и поради тоа, после секоја малку потешка физичка активност, чувствувам непријатен мирис од неа. Дури и по брза прошетка или простирање алишта. Затоа, секогаш кога ќе размислувам за секс, треба детално да се бањам, инаку свршеникот не сака ни да ми пријде. И јас не го обвинувам за тоа.

И пред сите да ми врескате и да ме прашате зошто не одам на гинеколог, знајте дека сум таму редовна.

Првиот преглед го направив поради ненормално изобилство на секрет, а тој ми препиша апчиња кои наводно ќе се ослободат и од лачењето и од непријатниот мирис. Сè друго беше „редовни прегледи“, само за да се осигурам дека сè е во ред. А, гинекологот секогаш ми велеше дека сè е во ред, иако очигледно не затоа што сè уште имам испотена вагина што смрди и има ужасна секреција.

Мојот вереник е запознат со целата ситуација. Поради мојата вагина, никогаш не сум излегувала со многу момци – замислете да ми се случи пред некој нов, ќе умрев од срам.

И така, одев и одев од гинеколог до гинеколог. На крајот, најдов еден кај кого беше дијагностицирана бактериска инфекција, што го објаснува непријатниот мирис и лачењето. Земав антибиотици две недели во два круга. И тој ми рече дека и мојот вереник мора да ги земе, инаку повторно ќе ми ги пренесе истите бактерии. Мислев дека е апсурдно затоа што користиме кондом, но сепак.

Значи, убедени сме дека сè конечно ќе се реши, чекаме повеќе од два месеци. За жал, ситуацијата е потполно иста и полека губам надеж дека нешто ќе се промени. Се плашам дека мојата испотена вагина е нешто со што ќе мора да се помирам и дека ќе ми го уништи животот.