Се сомневате дека имате синдром на “немирни нозе”? Откријте ги решенијата за овој проблем

20 јуни, 2020
how-do-i-moisturise-my-legs

Овој проблем не е опасен по живот, но може негативно да влијае на сонот, затоа што најчесто се појавува во текот на ноќта, па затоа  спаѓа во групата “пореметувачи” на спиењето.

Проблемот е предизвикан од неколку различни видови на непријатност во нозете, како што се болка, чешање, пецкање и грчеви.

Со движење на нозете, личноста се ослободува од тоа чувство, кое често се влошува непосредно пред спиење, што може да создаде проблеми со спиењето – од неможноста да заспие до будење во текот на ноќта.

Која е причината и дали е синдромот е наследен?

Експертите не ја знаат точната причина за синдромот на немирни нозе. Сепак, лекарите се сомневаат дека овој проблем е наследен и дека поверојатно е да го добиете синдромот, ако има некој во семејството кој страда од тоа. Според некои проценки, скоро 50 проценти од луѓето кои страдаат од синдром на немирни нозе имаат предци кои исто така страдале од тоа.

Кои се другите фактори на ризик?

Некои хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес, забавување на бубрезите и недостаток на железо, исто така може да бидат одговорни за развој на синдромот немирни нозе. Некои бремени жени, исто така, го имаат овој синдром во текот на последниот триместар, но тоа се повлекува по породувањето. И некои лекови, како што се антихистаминици и антидепресиви, можат да го предизвикаат овој проблем, пренесува Health Digest.

Дали состојбата може да се излечи и на кој начин?

Лекарот треба да ја провери причината за болеста, да ги ублажи синдромите и да препише соодветна терапија. Исто така, постојат голем број на природни лекови: јога, топли бањи, масажи, употреба на перници за загревање на стапалата, а се препорачува и да се намали пушењето и внесот на алкохол.