Седум типови на спијачи – Дали сте зајак, дали зборувате во сон, рчите или пак спиете како топ?

15 мај, 20200
son

Како ја поминувате ноќта? Спиете или збоувате во сонот? Обидете се да пронајдете кој тип на спиење најдобро ви одговара.

1.Зборување во сон

Овој вид спиење редовно го забавува својот партнер со неговите ноќни авантури. Тој зборува во сон и поголемиот дел од времето тој не е ни свесен за тоа. Неговиот репертоар најчесто вклучува теми што го мачат во реалноста, како што се проблеми на работа, кавги со пријателите, ненајавени посети од родители … Утрото тој често чувствува срам, но добрата страна е што таквото однесување е ретко и не трае долго. Единствениот проблем е ако тој каже нешто што оној што лежи до него не треба да го слушне.

2. ‘Рчење

Со овој вид спиење, притискањето со лактите, вртењето на страна, па дури и свирењето не помага. Човекот кој ‘рчи редовно го буди партнерот со неговите ноќни звуци, но и сите членови на семејството. Тој припаѓа на групата од 40 проценти од мажите и 25 проценти од жените кои страдаат од ‘рчење.

3. Несоница

Креветот не му носи одмор. Тој не може да ги затвори очите цела ноќ, несоницата е неговиот верен придружник. И додека ноќта некако ќе се издржи, утратасе неподносливи за него. Заморот е толку голем што не може да се концентрира на работа или на училиште.

4.Спиење како топ

Овој човек има длабок сон и најчесто знае да преспие а да не слушне невреме, кавги со соседи, па дури и земјотреси. Тој толку го сака одморот што многу лесно заспива, и спие спокојно без престан со часови, без разлика што се случува во околината.

5. Зајак

Маски за очи и ушни капаци не му помагаат на овој вид спијач. Тој слуша најмал шум како затворање ја вратата или пуштање вода о тоалет. Неговиот сон е лесен, но вежбањето може да помогне. Заморот ќе го надмине побрзо и неговиот сон ќе биде со подобар квалитет.

6. „Имам попаметна работа отколку да спијам“

Овој вид спијач мисли дека спиењето само троши драгоцено време. Тој се буди во три часот наутро и подготвува проект за работа, но затоа често едвај ги отвара очите кога му е најпотребен.

7. Спие по “правила и прописи”

Овој спијач не спие подолго од препорачаните седум часа, се крева во рани зори  и е вистинска утринска птица. Тој не сака да биде вознемируван за време на спиењето, па ги мобилизира своите мобилни телефони и ТВ надвор од спалната соба и секогаш ги спушта ролетните и ги мести завесите за да не навлезе ниту еден зрак на сончева светлина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi