СЕГА Сѐ Е ПОЗНАТО, КАРТИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ: Сè што треба да знаете за ПАНДЕМИЈАТА е ова соопштение од СЗО!

28 ноември, 2020
780909_w-56174064_ls

Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации

 Околу 60 до 70 проценти од населението треба да се вакцинираат за да се запре ширењето на коронавирусот, соопштија официјални лица на Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката беше утврдена врз основа на неколку студии, рече директорката на секторот за вакцинација, Кетрин О’Брајан на прес-конференција во Женева.

Таа, сепак, нагласи дека навистина потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна кога ќе се знае повеќе за вакцините што се тестирани досега.

„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече О’Брајан.

Таа додаде дека покрај тоа што откри колку се ефикасни вакцините во спречување на инфекција со коронавирус, се поставува прашањето дали тие го отежнуваат престојот на вирусот во носот и грлото кај луѓе кои немаат никакви симптоми и дали го отежнуваат пренесувањето на вирусот од една на друга личност.

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против короната треба да му даде на Светот „значителна контрола над вирусот следната година“.