Секоја жена сака нозе како на Викториините ангелите: Зумба, клекнувања, но и пилатес се вашите сојузници

17 јули, 2020
Annotation 2020-07-17 144206

Барем три пати неделно направете неколку вежби за убави и витки нозе и ќе го постигнете својот посакуван резултат. Секако со вежбите важно е да водите сметка и за здрава исхрана. Во тој случај резултатите нема да изостанат.

За убави и витки нозе сонуваат сите жени, посебно во летните месеци. Заедно со задникот и стомакот и нозете се критична зона на која масните наслаги лесно се таложат, а тешко е да се симнат. Комбинација на здрава исхрана и секако вежби е најдобриот рецепт за обликување на секси нозе. Барем три пати дневно извежбајте неколку вежби за убави и витки нозе и ќе го постигнете саканиот резултат.

Пронајдете најдобри вежби за себе, од класични чучнувања, вежбите на Викториините ангели и пилатес до зумба тренинг.

  1. Вежбите со кои Викториините ангели ги обликуваат нозете се темелат на клекнувања, расчекор и вежби за рамнотежа. Вежбите се едноставни, но даваат одлични резултати.
  1. Зумбата е идеален спој на фитнес и добра музика. За изведба на вежбите потребно ви е столче и добра воља. Добрата забава, но и обликуваните нозе се загарантирани.
  1. Фитнес тренерот Ребека Луис ве води низ вежбите , а крајна цел се убави и секси нозе. Се исплати да одвоите време за ова.
  1. Убаво обликувани листови се важни како и цврсти бедра. Ќе го обликуваат вежби на кревање и спуштање на тежини.
  1.  Пилатес вежбите се избор за оние кои сакаат полесен, но интензивен ритам. Со овие вежби ќе ги издолжите мускулите, но и ќе го намалите целулитот, а што е најважно резултатите се брзо видливи.
  1. И серија од три едноставни вежби е доволно за вашите нозе да бидат убаво обликувани, но не премногу мускулести.
  1. Вежбите кои како таргет ги имаат бедрата се изведуваат во серии од по 30 секунди. Нема оправдување за да не ги направите. Трудот секако ќе се исплати.
  1. Едноножното клекнување не е едноставно, но кога ќе го совладате тоа е идеалниот сојузник на патот до убави нозе. Најдобро е да го направите на цврста подлога без дополнително оптеретување. Со текот на времето можете да додадете тегови или шишиња вода.
  1. Пилатес топката е идеална за вежбање на горниот дел од нозете, особено внатрешната страна на бутовите.
  1. Овие вежби се идеални за почетници и жени кои се обидуваат да се вратат во форма после бременоста. Едноставни се и не се премногу напорни.