Секс наместо збогум

8 јуни, 20200
2245

Неретко се случува иако дошол моментот за прекинување на емотивна врска, партнерите го запечатуваат тоа со уште еден проштален секс. Но еден од нив потајно се надева дека тој секс може да доведе на преиспитување на одлуката кај тој што го иницирал раскинувањето. Меѓутоа дури и да се случи тоа, најверојатно само ќе го одолжи раскинувањето за некое време. Но и покрај тоа сознание, во тие отсутни моменти на многумина им се буди страста и имаат посилна желба за секс.

Зошто да ?

Последниот секс за двајцата може да биде славење за се она што било добро во врската. Тие врски обично завршуваат од емоционална причина, а не поради лош сексуален однос, па поради тоа е последната конекција со некого со кого сте поминувале убави заеднички моменти. Ако двете страни ја разбираат причината зошто не можат да бидат заедно и ја прифаќаат разделбата сексот може да биде убав начин да си кажете збогум.

Зошто не ?

Во најчести случаеви емотивниот влог на еден од партнерите не е ист како на другиот кој се надева дека тој ќе се премисли. Сексот таа ситуација само ќе ја подобри моментално. Чувството на искористеност ќе се меша со болката и само ќе ви биде полошо. Поради тоа, ако вашето раскинување заврши со меѓусебно разбирање тогаш сексот може да биде убав начин да се каже збогум. Но имајте на ум дека тоа е многу редок случај. Затоа добро преиспитајте ги своите мотиви пред да се вовлечете во вакво емотивно и телесно искушение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi