Секс за една ноќ – Зошто мажите се имуни на тоа и зошто жените толку лесно се заљубуваат во партнерот со кој ја поминале ноќта?

18 ноември, 2020
секс

За тоа е виновна хемјата…

Додека жените патат поради скршеното срце и тагуваат по изгубениот, не се свесни дека поминале многу подобро од мажите во некој случај.
Токму поради овие хормони што им овозможуваат лесно да се впуштат во секс за една ноќ, на мажите им станува многу полесно да станат зависни од секс.

Со скенирање на женскиот мозок за време на оргазмот, експертите од Универзитетот во Њу Џерси откриле дека во оваа фаза се активираат 30 различни области. Меѓу нив се оние кои се одговорни за емоциите, допирот, среќата, задоволството, па дури и помнењето. Во моментот на оргазам, жените не чувствуваат болка, туку само задоволство.

Окситоцинот игра клучна улога во врзувањето на жените со сексуален партнер. Овој хормон кој се лачи за време на сексот е виновник за зголемување на емпатијата и поради тоа жените повеќе веруваат на личноста со која се интимни. Тоа ги зголемува шансите жената да се заљуби во партерот со кого имала секс. И бидејќи телото не ја знае разликата помеѓу авантурата и врската, окситоцинот се лачи и во двата случаи. И ете го проблемот ако го има премногу. А што влијае на неговото ниво сè уште не е познато.

Машкото тело лачи допамин за време на сексот, кој е одговорен за чисто задоволство и нема никакво влијание врз поврзувањето со партнерот. Но, овој хормон е виновник за зависноста од секс и затоа има повеќе мажи кои се зависници.

Дали е подобро да се лекувате од љубовни рани или да се борите против зависноста? На вас е да процените!