Северина ја преставува најмодерната фризура за оваа сезона и изгледа одлично!

17 мај, 2020
севе1

Многу познати дами ни преставуваат како совршено се носат шишки, а сега нив им се придружи и пејачката Северина Којич. Како да ги изберете оние кои ви стојат, прочитајте во продолжение

Стоите пред огледало и јасно ви е дека ви е потребна некаква промена, сакате да го освежите вашиот изглед, но не драстично. Во ваков случај следи “мачење” на косата кога се дамите во прашање. Бидејќи многу тешко се одлучуваме на кратење на косата кое ќе биде забележително и ќе го промени нашиот изглед, следно на ред доаѓа кратењето на шишки.

Но многу често, жените знаат да направат превид и да сфатат дека за успешно носење шишки треба добро да размислат, однапред да одберат стил и секако, да проверат со професионалец дали тој стил ќе одговара на нивниот облик на лице.

Прва работа која би требало да ја знаеме дека шишките тешко одржуваат форма и мораат редовно да се кратат. Друго е што доколку ја донесете оваа одлука, треба да знаете дека со неа ќе треба да се носите пар месеци дури и да не ви се допаѓа. Многу дами ги кратат шишките непромислено, бидејќи им досадува старата фризура, а потоа се каат. Затоа, добро размислете за тоа.

Шишките го кратат челото и со тоа, можат да ја променат физиономијата на лицето во потполност, па затоа, мора да знаете што сакате да постигнете со нив. Дали сакате да го скратите челото, да ја сокриете ширината на образите или јаболчниците. Дали сакате да го истакнете вашето лице, да делува пошироко.

Еве ги нашите предлози:

Овално лице

На овалниот тип на лице одговараат полни, степенасти, долги и кратки шишки – изберете кои и да ви се допаѓаат. Но внимавајте, не би требало да завршуваат на висината на веѓите туку или повисоко или пониско. Веѓите го заокружуваат лицето и шишките или треба да ги истакнат или да ги покријат.

Срцевидно лице

Пол погодок се слоевитите благо степенасти шишки. Шишки на страна исто така одговараат на срцевидно лице. Она што треба да го одбегнувате се микро шишките. Премногу кратките шишки привлекуваат внимание на челото кое на овој начин изгледа уште пошироко.

Коцкаско лице

Нежни шишки кои лежерно паѓаат околу лицето и даваат исклучително женствен изглед се совршени за коцкасто лице. Избегнувајте геометриски и рамни фризури бидејќи со нив лицето ќе ви изгледа по остро и по коцкасто.

Примери како се бираат и носат шишки презентираат многу познати дами, а најнова меѓу нив е пејачката Северина.

Пејачката која е препознатлива по својата долга коса и која повремено менува нијанси на косата, сега се одлучи својата фризура да ја збогати со шишки кои со нијансата и нејзиниот облик на лице, совршено и стојат. Во комбинација со nude бија на шминка, добива свеж и младолик изглед.