Што е подобро за здравјето: Дали треба да уринираме пред или после сексот?

19 септември, 2020
gettyimages-1063865506

Иако се спроведени многу истражувања на оваа тема, резултатите се доста различни и никој не може да ви каже со сигурност дека мокрењето после секс е безбеден метод за спречување на инфекции на уринарниот тракт

Уринирањето после секс е добар начин да се избегнат инфекции на уринарниот тракт, вели урологот Ванита Сима-Чианг.

Иако не постојат солидни истражувања за тоа колку е ефикасна оваа превентивна стратегија, многу лекари препорачуваат мокрење после секс како здрава навика. Кога станува збор за инфекции на уринарниот тракт, жените се изложени на поголем ризик од мажите заради различната анатомија, а особено затоа што кај жените уретрата се наоѓа веднаш до отворот на вагината.

– Со каква било сексуална активност насекаде ќе има течности. Иако овие течности можат да содржат и добри и лоши бактерии, секогаш постои можност лошите бактерии да навлезат во мочниот меур, вели Сима-Чианг.

– Мокрењето после секс предизвикува испуштање на бактерии од уретрата, што ја намалува веројатноста дека ќе има причина за инфекција – вели гинекологот Хедер Иробунда.

Различни резултати од истражувањата

Иако многу лекари го препорачуваат, истражувањата за ефикасноста на мокрењето по сексот дадоа мешани резултати.

Една постара студија објавена во „Journal of Clinical Epidemiology“ открива дека студентите кои секогаш уринираат пред и по сексот имаат помал ризик од инфекција на уринарниот тракт. Но, друга студија ги спореди младите жени со повторливи инфекции со млади жени кои никогаш немале инфекција на уринарниот тракт за подобро разбирање на факторите на ризик. Тие не најдоа значајни врски помеѓу мокрењето по секс и ризикот од инфекција.

Ова значи дека колку и да е корисно мокрењето по сексот, сепак е само средство во превенцијата, а не загарантиран метод на превенција. Некои луѓе едноставно се повеќе склони кон инфекции од другите и мокрењето после секс нема да им помогне многу.

Што е со мокрење пред сексот?

– Вообичаеното недоразбирање е дека треба да уринирате само по секс, но исто така е корисно и здраво и пред. Имањето полн мочен меур за време на сексот исто така може да биде непријатно, вели сексологот Џиџи Енгл.

Што се однесува до спречување на инфекции, Иробунда вели дека нема податоци што сугерираат дека мокрењето пред секс навистина може да спречи инфекции. Но, ако сметате дека треба да уринирате пред секс, дефинитивно е добра идеја.

„Ако ја игнорирате таа потреба и држите урина во мочниот меур премногу долго, тоа едноставно не е здраво за вас“, вели Сима-Чианг.

Ова е особено важно за постарите луѓе кои се подложни на инфекции поради природни промени во бубрезите и слабеење на мочниот меур.