Што тоа на Вагата не и дава мир: Топ 4 начини на кои ги уништуваат сите врски

15 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 172822

Вагите се познати како еден од најромантичните знаци во целата астрологија. Вагите се лојални, шармантни и сакаат секогаш да се заљубени – и тоа ги прави прекрасни партнери… во поголем дел од времето.

Вагите, покрај многуте добри особини, како и секој друг знак имаат и свои негативни квалитети. Некои од овие атрибути не се симпатични и можат да претставуваат сериозен проблем во врските, без оглед на тоа колку Вагите сакаат да ги урамнотежат.

Какви се Вагите во врска и што тие носат во истата како романтични партнери?

Без оглед на тоа што се лојални партнери, тие обично патат од неодлучност, површност и манипулација. Еве што треба да знаете ако сте во врска со Вага.

  1. Вагите се неодлучни

Вагите се ноторно неодлучни. Вагите незапирливо ќе ги одмерат сите предности и недостатоци на одлуките кои ги носат – дури и оние малите.

Не само што ова може да стане фрустрирачко за нивните партнери во секојдневниот живот (бидејќи никој не сака да чека наоколу додека некој пробува да одбере кој вид кафе ќе го нарача или кои чевли да ги купи), туку оваа неодлучнот може да влијае и на способноста на Вагите да се обврзат во врската. А тоа не значи најстабилно партнерство.

  1. Премногу се грижат за површни работи

После некое време нормално е луѓето во врска да почнат помалку да се грижат за изгледот. Меѓутоа, за Вагите тоа е потполно неприфатливо.

Вагата секогаш внимава да е во врвна форма: Од телото до гардеробата, и очекува партнерот да го стори истото. Овие наизглед плитки и материјалистички очекувања можат да вршат голем притисок на партнерот, а за многумина едноставно не би вредело останување во таква врска.

  1. Вагите можат да бидат сложени

Иако ја вреднуваат својата индивидуалност, тие исто така сакаат одобрување од другите и мрзат да бидат сами. Вагите општо обожаваат кога партнерот ги обсипува со внимание но истовремено ја ценат својата слобода.

Вагите можеби не гледаат дека често копнеат за внимание заборавајќи на партнерот што на крај би можело да доведе до раскинување.

  1. Тие манипулираат со другите како би го добиле она што го сакаат

Можат одлично да се усогласат со било кого благодарејќи на нивната способност лесно да ги шармираат и импресионираат другите. Но со тоа што Вагите можат толку добро да ги читаат луѓето, можат да ги воочат и нивните слабости на оддалеченост од еден километар, а понекогаш тие слабости ги користат против другите од лична корист.

Романтичните партнери на почетокот ќе се чувствуваат поласкани за тоа колку внимателно Вагата им обрнува внимание и ги разбира нивните чудности. Но ако Вагите ја покажат својата манипулативна страна, порано или подоцна, партнерот ќе почне сериозно да им замерува и врската неминовно ќе заврши лошо.

Вагите сигурно не се совршени, но никој не е, зар не? Значи ако сакате Вага и покрај нивните помалку сакани квалитети, нема причина да не најдете решение за овие предизвици во врската.

А за вас Вагите, имајте го на ум овој список следниот пат кога суптилно (или не толку суптилно) ќе ја критикувате ноќната облека на вашиот партнер или ги превртувате нивните зборови како би тргнале по свој пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi