Што всушност ги тера луѓето да ги понижуваат другите: Еве што се крие позади ваквото однесување!

10 мај, 20200
naslovna

На вакви луѓе најчесто не може да им се помогне, односно веројатно никогаш нема да се променат.

Што е тоа што го тера еден човек да понижува други луѓе? Зошто да се упатуваат непристојни зборови, да се намалува значењето на тоа што друг има постигнато? Зошто кога ќе почувствува дека има па макар и најмала моќ над друг, почнува да го малтретира? Какво задоволство во тоа пронаоѓа?

Луѓе кои ментално не се доволно пораснати, склони се да се опкружуваат со “помали луѓе“. Подоцна, тежнеат своите сакани, односно најблиски луѓе да ги “претворат“ во “помали од себе“. Со непознати тоа тешко им оди, па затоа се насочуваат кон блиските од семејството.

Најлошо поминуваат оние кои од таков човек зависат, без разлика дали емотивно или материјално.

Понижувањето на други луѓе е најчесто желба да се сокријат личните недостатоци.

Таквите луѓе се чувствуваат сигурни и супериорни кога понижуваат други, се обидуваат нивниот живот во околината да го претстават како успешен, недостижен, најубав, сосема различен.

Во суштина и длабоко во душата, таквите луѓе се кукавици. Можеби би можело да се каже дека немаат душа. Имаат само желба друите да ги доживуваат супериорно.

Психолозите кажуваат дека таквите луѓе на овој начин всушност се понижуваат сами себе и да нивната мегаломанија е знак на сокриен комплекс на помала вредност.

Единствен лек за ваквите луѓе е лечење на комплеки и ниска вредност која ја имаат. Но, најголемиот проблем е што они тоа никогаш нема да го признаат, па веројатно и никогаш нема да се излечат….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *