Сите ги правиме овие грешки со мобилните телефони, а не сме ни свесни за тоа!

4 мај, 20200
telefon

Иако ни се толку многу потребни во секојдневниот живот, сепак, некогаш е потребно да се одвоиме од мобилните телефони.

Ова се петте грешки кои сите ги правиме со мобилните телефони:

1.Спење со телефонот

Телефоните се електромагнетни приемници. Тоа значи дека емитираат радиобранови. Иако сè уште не е научно докажано, сепак се верува дека брановите можат негативно да влијаат на нашиот мозок. Освен тоа, спиењето со мобилен телефон може да влијае на квалитетот на вашиот сон. Затоа, одвојте се од телефонот во часовите кога спиете. Ако можете, ставете го во друга соба во текот на ноќта. Доколку не можете, тогаш ставете го на airplane mood.

2. Изложеност на светлоста на екранот со часови и дење и ноќе

Освен што ќе ве вознемируваат нотификациите и ќе ве зрачат радиобрановите, ако седите до 3 часот наутро со мобилниот телефон, играјќи игри или куцајки пораки, светлоста на екранот го потиснува мелатонинот, хормонот кој го регулира циклусот на спиење и будење. Светлината на екранот предизвикува и главоболки и проблем со видот.

3.Го користиме и кога има слаб сигнал

За ова никогаш не би кажале дека е важно, но важно е. Колку е сигналот на мобилниот послаб, толку е поопасно за вас. Во таков случај мобилниот ги зголемува сигналите, а што повеќе енергија излегува од него, толку поштетно е за вашето здравје. Затоа се препорачува да се приклучите на интернетот од дома, а кога интернетот од мобилниот е слаб, избегнувајте да го користите телефонот.

4.Телефонот ви е цело време до рака/ во контакт со кожата

Постојат неколку истражувања кои ги поврзуваат мобилните телефони со појавата на рак. Вашата кожа многу брзо ја впива топлината која тој ја испушта додека го држите во раце. Затоа се препорачува, доколку разговарате подолго време на телефон, да користите слушалки, за да не ви биде телефонот директно на уво.

5.Додека седите на екран, се подгрбавувате

Освен палците, пати уште еден дел од телото заради често користење на мобилниот телефон. А тоа е вратот и правото држење. Кога гледаме во мобилен телефон често сме во подгрбавена позиција. Кога таа позиција е со часови, целиот притисок се префрлува на вратниот ‘рбет. Со тек на времето тоа држење на телото може да предизвика погрбавеност. Се препорачува да го држите мобилниот телефон во висина на очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *