Смути за здрав почеток на денот: три состојки, три минути, 101 придобивка!

8 мај, 2020
смути

Потребни состојки за две лица:

· Три киви

· Една банана

· Две шолји беби спанаќ

· Овесни снегулки (50 грама)

· Шолја млеко по избор (најдобро е бадемово или кокосово)

· Грчки јогурт (250 гр)

Подготовка:

Во блендер најпрво ставете го млекото, овесните снегулки и спанаќот и измешајте добро додека не добиете соединета смеса. Потоа додадете го грчкиот јогурт и овошјето и изблендирајте додека масата не стане компактна. Веднаш испијте го смутито за да не се изгуби неговата хранлива вредност.

Уживајте во ова здраво и вкусно смути кое ќе ги задоволи сите ваши дневни потреби за витамини и минерали!