Со вино и редовно вежбање до подолг живот!

30 јуни, 20200
93786cf279e00fbfc043dba45ff46ec4f73185c2_b1177c79cd9ac040f372715e725ba445e33924db_articlemain

Рецептот со кој се намалува ризикот од срцеви заболувања неодамна беше откриен во една студија на чешки научници – треба да пиете неколку чаши вино неделно за подолг живот! Воопшто не е важно дали пиете црвено или бело вино, важно е само да го пиете редовно и да не претерувате со количината.

Ок, за да не биде сè толку супер едноставно, има уште една важна работа – за посакуваниот ефект само треба редовно да вежбате. Имено, научниците открија врска помеѓу редовно вежбање и пиењето вино и намалување на лошиот холестерол, како и раст на оној добриот.

Студијата беше спроведувана повеќе од една година врз 146 испитаници. Една половина од испитаниците требаше да конзумираат бело вино, а другата половина црвено вино. На крајот на студијата, забележано е дека во групата што не вежбала, холестеролот останал на исто ниво, додека кај оние кои редовно вежбале, нивото на холестерол се намалило и нивниот HDL холестерол (добар холестерол) се зголемил.

Затоа, слободно уживајте во неколку чаши вино, сè додека вежбате редовно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi