Сок од 5 природни состојки кој ќе Ви помогне да ги ублажите симптомите на алергијата од полен

27 мај, 2023
61939390-sok

Симптомите на алергија на полен можат да бидат многу непријатни, а пропишаните лекови предизвикуваат бројни несакани ефекти.

Едно од растенијата што ни создава најмногу проблеми во овој период на алергии е секако амброзијата. Неговите зрна со полен може да предизвикаат кивање, црвенило на очите, отежнато дишење и да ја нарушат целата слузница на дишните патишта.

Доколку сакате да се ослободите од непријатните симптоми на природен начин и во исто време да го зајакнете организмот, пробајте го вкусниот сок кој ќе помогне да ги ублажите благодарение на состојките кои имаат антиинфламаторни ефекти, ги отвора дишните патишта и ја нормализира работата на мукозните мембрани.

Состојки:

– 1 поголем морков

– 1 јаболко

– 1/4 ананас (свеж или 2 кругови од конзерва)

– парче целер

– половина помала репка

Подготовка:

1. Измијте го овошјето и зеленчукот темелно и исечете го на парчиња.

2. Ставете ги состојките во соковник па префрлете го сокот во стаклена тегла.

3. Можете да го пиете сокот на празен стомак или помеѓу оброците.

escort - Korsan taksi