Совети за нега на стапалата: Еве како да го спречите настанувањето на испукани ПЕТИ

9 јули, 20200
Annotation 2020-07-09 140435

Оштетената кожа може да направи големи проблеми, но постои решение

Негата на стапалата и петите е исклучително важна, особено во текот на летните денови, а многумина ова подрачје често го занемаруваат.

Поради тоа може да дојде до појава на задебелувања на петите или до пукање на кожата.

Што влијае на настанувањето на задебелени и испукани пети?

До ова доведуваат повеќе работи: зголеменото потење, долготрајно стоење, рамни чевли кои товарот го ставаат токму на петите. Премногу чести пилинзи и стругање на петите исто така можат да направат проблем, бидејќи претерано ја сушат кожата и таа останува без звојот заштитен слој.

Освен тоа, на испуканите пети може да влијае и хормонскиот дисбаланс во текот на бременоста, дебелината, како и недостатокот на одредени витамини. На лето ситуацијата е уште потешка, бидејќи тогаш петите се откриени и изложени на негативното влијание на прашината и нечистотиите.

Превенција

За да го спречите настанувањето на често болните пукнатини на петите, најважно е добро да ја хидрирате кожата. Само со редовно користење на крема ќе го спречите нејзиното сушење и настанокот на овие микрооштетувања.

Кремите за пети, брагодарејќи на посебната формулација, истовремено ја навлажнуваат и омекнуваат кожата. Тие најчесто содржат салицилна киселина и уреа. Покрај тоа, во нивниот состав неретко влегува и вазелинот, кој го спречува губитокот на влага и ја омекнува сувата кожа.

Обрнете внимание: препаратите за пети се значајно поагресивни од оние за нега на рацете и телото. Поради тоа никогаш не треба да ги користите на други делови од телото, каде што кожата е потенка и поосетлива.

Пред да нанесете било која крема, стапалата омекнете ги со потопување во млака вода околу 20 минути. Потоа исушете ги со пешкир и истурпијајте ги. Внимавајте да не претерате! Отстранете ја само оштетената кожа и изумрените клетки.

За да го забрзате дејството на кремата, веднаш по нанесувањето, стапалата замотајте ги во кеса и преку нив облечете чорапи. Петите многу брзо ќе ги апсорбираат хранливите материи од кремата и ќе станат меки и нежни.

Испуканите пети не се само естетски проблем, туку понекогаш можат и да го загрозат вашето здравје. Оштетената кожа е лесна мета за различни бактерии кои брзо се размножуваат. Петата која болно пулсира, отекува и поцрвенува укажува на инфекција, па во тој случај неопходно е да побарате помош од лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi