Спиењето со детето влијае добро за неговиот развој, а еве и зошто!

1 јуни, 20200
s

Професорката Сузан Краус Витборн тврди дека практиката на лежење со децата сè додека не заспијат е добра за нивното ментално здравје. Овој термин е познат и како „приврзано родителство“ и се однесува на одговорот на родителот на потребите на детето и заеднички близок физички контакт.

Приврзаното родителство исто така вклучува заедничко спиење, доење и носење на детето во „торба од кенгур“.

Сузан Краус Витборн, професор по психолошки и мозочни науки на Универзитетот во Масачусетс, тврди дека оваа практика им помага на децата да станат успешни кога ќе пораснат.

– Ова е чувствителен пристап кој го одржува физичкото и менталното здравје на децата. Нашето истражување покажа дека оние кои се чувствуваат безбедно во детството имаат посреќни и помалку конфликтни животи кога ќе пораснат. Тие исто така стануваат подобри родители- мисли Краус Витборн.

Патриша Мари Милер и Мајкл Лампорт Комсонс од Медицинскиот факултет во Харвард спроведоа истражување на оваа тема во 2010 година.

– Оваа практика го намалува стресот кај детето. Кога детето страда и бара поддршка во рацете на неговите родители, и тие тоа го обезбедуваат, тоа ќе му овозможи емоционална стабилност. Детето ќе комуницира подобро со своите врсници во подоцнежна возраст и ќе има подобар успех во училиште – посочуваат Милер и Комонс.

Овој пристап беше поддржан и од јавни личности, како Тамара, ќерка на милионерот Берни Еклстоун, која цврсто верува во приврзаното родителство. Нејзината ќерка Софија спие во ист кревет со неа и нејзиниот сопруг Џеј.

 -Таа започна да спие меѓу нас кога имаше шест месеци. Ова не влијаеше врз мојата врска со Џеј. Сè уште имаме време за интимност, но не толку многу – вели Тамара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *