Спој на чоколадо и beauty производи. ТОП 7 производи инспирирани од чоколадо кои мора да ги пробате!

15 април, 20200
62891-choco_naslovna

Љубители на чоколадо, доколку не сте ги пробале овие производи за нега и шминка, МОРАТЕ тоа да го напрасвите веднаш! Тие го имаат тој мирис на божествената чоколада. За некои, можеби е премногу, но за оние кои се луди по чоколадото, ова ќе биде врв.

Производите за убавина обично имаат некој сладок или овошен мирис, а понекогаш и мирис на парфем. Но, има и такви кои мирисаат на чоколадо!

Тешко е да се одолее на овој десерт, а потоа како да се спротивставиме на палетата на сенки за очи што мириса на какао? Истражувањата покажаа дека какаото е всушност добро за кожата како состојка во кремите, маските за лице и слични производи, бидејќи помага во намалувањето на акните и воспаление на кожа, истовремено ја намалува видливоста на брчките и исто така го зголемува производството на колаген.

Too Faced Chocolate Bar палета на сенки

Една од дефинитивно најдобрите палети е токму оваа на Too Faced. Како што кажува и името, станува збор за вистинска чоколадна палета. Нијанси, бои, пакувања до мирис, сè е поврзано со чоколада. Сите нијанси се збогатени со мирис на чоколадо од формулата со 100% какао во прав.

Тoo Faced Milk Chocolate Soleil бронзер

Брендот Too Faced има уште еден производ за шминка инспириран од чоколадо, кој е бронзер. Ова е еден од оние култни производи за убавина што постои долго време. Исто така е јасно зошто. Како и да е бронзер како бронзер е одлично решение за шминка, а ако има мирис на чоколадо тоа е уште подобро.

BH Cosmetics Truffle Blush палета руменила

Најновиот производ од руменилата штотуку излезе, но веќе се зборува на големо заради мирисот што го има. Имаат 9 различни палети на руменило во колекцијата, за различни тонови на кожата. Секој има 4 нијанси и покрај тоа што се во чоколадна тема, тие имаат и чоколаден мирис.

Kallos Cosmetics Chocolate маска за коса

И во негата ни треба овој одличен мирис. Станува збор за маската за коса од брендот Kallos. Тоа е маска за сува и оштетена коса. Исто така, содржи екстракт од какао и други корисни состојки за вашата коса да биде регенирана, да се заштити од надворешни влијанија и да се хидрира, а притоа да е мека и сјајна.

Frank Body Cacao Coffee пилинг за тело

„Замислете свет каде што се туширате со чоколадо“, напишано е на пакувањето – и тоа е доволно за да ги освоите љубителите на чоколада. Производот ја прави кожата мазна и хидрирана. Пакувањето е малку незгодно за употреба, но навистина ќе се чувствувате како да се туширате во чоколадо. Ова е еден од врвните производи што совршено комбинира одличен мирис и функционалност.

Lip Smacker Star Wars Darth Vader балсам за усни

Балсами за усни со овој мирис може да најдеме често во дрогериите и аптеките, но ова е нешто сосема поинаку. Балсам за усни, со мирис на чоколади и мотиви од твојата омилена серија. Супер, зар не?

I love… Chocolate Fudge Cake сапун

Ова не е толку изненадувачки што постои, но сапуните со вкус на чоколадо кои навистина го имаат тој убав мирис не се лесни за наоѓање. Сапуните се направени со природни состојки и имаат неверојатно убави мириси. Малку се поскапи од обичните, но верувајте дека секој денар вреди за оваа убавина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi