Стареењето е неизбежно, но овие пијалоци помагаат истото да се успори и да ви се врати младешкиот изглед!

31 мај, 20200
izgled

Стареењето е неизбежно, а со тоа доаѓаат видливи знаци како сива коса, опаѓање на косата и несакани брчки. Сепак, иако стареењето не може да се запре, појавата на знаци на стареење може да се забави со одржување на здрав начин на живот и правилна исхрана, пренесува порталот BrightSide.

Еве ги пијалоците што можат да ви помогнат во ова:

1. Кафе

Кафето содржи важни антиоксиданти кои го штитат организмот и го забавуваат стареењето, а новите истражувања покажуваат дека кофеинот го штити организмот од хронично воспаление и го намалува ризикот од карцином на кожата.Студијата покажа дека оние кои пиеле по една шолја кафе секој ден, го намалиле ризикот од развој на немеланомски карцином на кожата за околу 10%.

2. Вино

Иако пиењето вино честопати може да ви го оштети црниот дроб и да ве натера да изгледате постари отколку што сте навистина, умерено пиење може да спречи деменција и Алцхајмерова болест.Како и да е, треба да изберете црвено вино затоа што содржи антиоксидантни полифеноли од кои најкорисен е ресвератролот за кој се верува дека помага да се намали нивото на лош холестерол.

3. Вода

Телото на возрасно лице содржи околу 65 проценти вода, така што најважно е да се одржи хидратацијата на организмот така што сите органи функционираат правилно. И бидејќи кожата е најголемиот орган, без соодветна хидратација, кожата може да стане сува и збрчкана и да изгледа стара.Водата исто така помага да ги испуштите штетните токсини од телото и ве прави посвежи и помлади.

4. Чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои помагаат во борбата против стареењето, односно спречуваат појава на брчки.Од овој чај можете да направите и маска за лице за освежување на кожата со мешање на зелен чај во прав со сварен бел чај. Исто така, различни студии заклучуваат дека луѓето кои редовно консумираат зелен и црн чај имаат намален ризик од срцеви заболувања.

5. Сок од цвекло

Цвеклото е богато со нитрати кои го зголемуваат протокот на крв во предниот дел на мозокот, намалувајќи ги шансите за деменција и когнитивен пад поврзан со возраста.Антиоксидантите во цвеклото  можат да го заштитат организмот од слободните радикали и да се борат против брчките.

6. Млеко

Студиите покажуваат дека од 30-годишна возраст, губите 0,5 до 1 процент од мускулна маса секоја година. Исто така, јачината на мускулите се намалува од 12 до 15 проценти по деценија.Но, млекото содржи протеин од сурутка, што е одличен извор на леуцин. Леуцин – една од 9-те аминокиселини во човечкото тело.Не само што помага во регулирање на растот на мускулите, туку го регулира нивото на шеќер во крвта и заздравува рани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi