Стопете 8 килограми без вежбање! Совршено!

8 април, 2020
slabeenje

Американските нутриционисти Синтија Сас и Лиз Вакарило открија тајна состојка што топи масти на стомакот и одзема неверојатни осум килограми за еден месец, имено монозаситени масни киселини, со кратенка МНМК.

Студиите покажаа дека ако го збогатите секој оброк со овие здрави маснотии, многу брзо ќе ги стопите масните наслаги и ќе ја изразите половината. Најбогатите извори на овие киселини се маслинки, авокадо, ореви, семки, црно чоколадо (кое не се препорачува во оваа диета), соја, лен и маслиново масло.

Оваа диета трае 32 дена и се состои од два дела – почетна фаза која трае четири дена и основен план на исхрана кој трае 4 недели, односно 28 дена.

Почетна фаза

Првите четири дена се придржувате до менито од 1.200 до 1.400 калории поделено на три главни оброци и една ужинка. Запомнете дека во секој оброк мора да има храна што содржи моно незаситени масни киселини. Задолжително е да пиете два литри „зачинета“ вода на ден, што е всушност вода што ја апсорбира аромата на одредени билки, лимони и краставици. Експериментите покажаа дека овој пијалок ја намалува надуеноста, спречува запек и нè прави да се чувствуваме подобро и поенергично. Треба да се избегнуваат некои видови храна, еве зошто:

Мастики

Кога џвакате мастика доаѓа до голтање на воздух кој се задржува во дигестивниот тракт и на тој начин предизвикува надуеност.

Вештачки засладувачи

Нашето тело овие замени за природниот шеќер ги третира на сличен начин како влакната. Бидејќи не успева целосно да ги свари, тие предизвикуваат гасови, болки во стомакот, надуеност и дијареја.

Сол

Познато е дека водата се врзува со натриумот од солта. Кога јадеме премногу солена храна, нашето тело задржува течност, што предизвикува зголемување на тежината.

Суров зеленчук

Суровиот зеленчук има скоро иста нутритивна вредност како и оние што биле кратко обарени. Разликата е во тоа што нашите тела полесно ја варат обарената храната.

Намирници кои ствараат гасови

Одредена храна ни ствара гасови, па затоа се препорачува да се избегнуваат грав и мешунки, карфиол, брокула, рибизли, зелка, кромид и агруми.

Пржена храна

Масната храна, особено пржената, побавно се вари и затоа имаме долго чувство на тежина и надуеност во стомакот.

Зачинета храна

Храната која е зачинета со црн пипер, морско оревче, каранфилче, мелени лути пиперки, кромид, сенф, свежи лути пиперки, зачинети сосови, кечап и оцет го забрзува лачењето на желудочната киселина, што предизвикува непријатна болка во стомакот.

Газирани пијалоци

Меурчињата од Кока Кола, Швепс или други газирани пијалоци одат директно во дигестивниот тракт предизвикувајќи надуеност.

Алкохол, кафе и овошни сокови

Овие пијалоци влијаат на лачењето на желудочната киселина и ни прават чувство на надуеност.

Втората фаза

Во следните 28 дена треба да се придржувате до менито од 1600 калории, исто така поделени на три главни оброци и една ужинка. Препорачаната диета во овој период потсетува на Медитеранот, односно многу свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, ореви, семки, одредена протеинска храна, млечни производи со малку маснотии, риба, пилешко и мисирка,  црвено месо не се препорачува повеќе од еднаш месечно. Исто така многу е важно да се придржувате до трите основни правила што ја прават оваа диета толку успешна: јадете 400 калории на оброк, паузите помеѓу оброците не треба да бидат подолги од четири часа, а МНМК треба да бидат вклучени во секој оброк.

Како да направите „зачинета“ вода?

Состојки: 2 л вода, 1 лажичка свежо мелен ѓумбир, 1 средна краставица, 1 среден лимон, 12 листови од нане

Подготовка: Излупете ја краставицата и исечете ја на тенки кругчиња, а лимонот на тенки парчиња. Измешајте ги сите намирници и ставете ја водата. Оставете ја во фрижидер преку ноќ за сите вкусови убаво да се соединат. Оваа подготовка се пие 2 литри секој ден во почетната фаза.

Пример мени за почетна фаза:

Појадок: 1 чаша оризови снегулки, 1 чаша обезмастено млеко, половина чаша сецкан ананас, 1/4 чаша семки од сончоглед

Ручек: 90 гр конзервирана туна (во вода), 1 чаша сецкани моркови, 1 парче кашкавал со малку маснотии

Вечера: 90 гр пилешки гради, 1 чаша печурки кратко пржени во 1 лажица маслиново масло, половина чаша интегрален ориз

Ужинка: шејк од ананас (1 чаша обезмастено млеко, 120 гр ананас, 1 лажица ленено семе)

Задолжително: 2 л „зачинета“ вода

Пример мени за втора фаза:

Појадок: 1 чаша овесна каша со изрендано јаболко и лажица бадеми

Ручек: интегрален сендвич со посна шунка и сирење, зелена салата, 1 чаша чери домати

Вечера: 90 гр лосос на скара со 2 лажици бадеми, 1 и пол чаша варена боранија

Ужинка: 1/4 чаша хумус со 2 лажици ореви и 1 чаша сецкани црвени пиперки