СТУДИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВРОЦЛАВ УТВРДИ: Сексапилот не може да се „гради“, овие работи се клучни

28 ноември, 2020
par-sreća-ljubav-seks-Getty-350x250_1000x0

Научниците открија што сочинува голем дел од привлечноста што ја чувствуваме

Дали мислите дека ви се допаднале нечии очи, тело, усни? Вие сте во заблуда!

Научниците открија што сочинува голем дел од привлечноста што ја чувствуваме. Ако некој е неодолив за нас, тоа нема никаква врска со изгледот!

Во студија објавена во списанието „Граници на психологијата“, тим научници од Универзитетот во Вроцлав во Полска анализираа што е привлечност и како ја доживуваме.

“Многу студии се фокусираат на физичкиот изглед, визуелните аспекти – лицето или телото. Но, постои литература за тоа како другите сетила учествуваат во чувството на привлечност и тоа не е занемарливо. Атракцијата исто така се формира врз основа на информациите што ги добиваме за време на социјалната интеракција”, рече Д-р Агата Гројецка, автор на студијата.

Гените исто така учествуваат во сè – кога ќе нè привлече некој со генотип сличен на нашиот, можно е да бидеме одбиени од нивниот мирис. И обратно, ќе ни се допадне мирисот на некој што има поинакво генетско потекло.

Бојата на нечиј глас е исто така многу важна, дури и ако не ја разбираме на прв поглед. Истражувањето се заснова на анализа на студии спроведени во последните 30 години и дефинитивно покажа дека бојата на гласот и нечиј мирис се многу важни кога „одлучуваме“ дали ги сакаме или не.

escort - Korsan taksi